
Книгата насловена Карбиниери и Алфа Ромео – за Италија, ги опфаќа 75-те години од првиот автомобил под знакот на Бишоне на служба во полицијата во пет поглавја: Повојната обнова, економското чудо, годините на владеење, војната против мафијата и новите глобални сценарија.
На промоцијата на книгата за 75-годишната соработка на Алфа Ромео со карабиниерите учествуваа генерали од карабиниерите, извршниот директор на Алфа Ромео, Санто Фичили, и кураторот на музејот на миланската марка и соавтор на книгата, Лоренцо Ардицио.
Посебно лого е осмислено во чест на јубилејот, со бројот 75 како главна порака, како и со двете обележја на автомобилската марка и на карабиниерите – змијата и оганот.
Настанот се одржа во делот од музејот што им е посветен на „убавиците“, покрај историски модели, како 1900 М , првата Алфа Ромео на служба кај карабиниерите, и Џулија Квардифољо, што денес се користи за посебни задачи.
Соработката започна со 1900 М „Мата“ во 1951 година. Овој класичен теренски автомобил служеше во периодот од 1963 до 1968 година. Поради брзата реакција, мобилните единици моторизирани со Мата го стекнаа прекарот Газели.

Понатаму следеа Алфета, 90, 75, 155, 156, па дојдоа 159, Џулиета, Џулија, Тонале, за во моментов да се вози Џулија Квадрифољо.
На овие модели им е посветено посебно подрачје во музејот што се води како „Алфа Ромео во униформа“. Таа поставка беше промвирана на 24-ти јуни 2020, на одбележувањето на 110-годишнината на марката.

Издавач на книгата Карабиниери и Алфа Ромео – за Италија е Џунти е Џорџо Нада Едиторе, со текстови на Данило Мориеро и Лоренцо Адрицио, и оригинални фотографии на Алесандро Бартелети и Паоло Карлини.
На вебсајтот на издавачот, книгата се продава по промотивна цена од 47,50 евра.

Алфа Ромео Мата















