ЕУ ги гледа новите царини за увоз на автомобили во САД како пречка за трговската спогодба

Главниот преговарач на ЕУ изјави дипломатски дека „останува уште многу да се сработи“ околу трговската спогодба со САД, додека Унијата е под закана од повисоки царини за нејзините автомобили.

САД во текот на неделава ќе ја зголемат царината за автомобили од ЕУ од 15 на 25 проценти, образложувајќи дека ЕУ не се придржувала кон условите на спогодбата што беше потпишана во Шкотска во минатото лето.

Европските пратеници и владите постигнале добар напредок во преговорите за склучување договор за укинување на царините за увоз од САД, но „останува уште многу да се сработи“, изјави главниот преговарач на Европскиот Параламент, Бернд Ланге.

Пратениците и владите имаа за цел да постигнат спогодба под зголемените притисоци од претседателот на САД, Доналд Трамп, но разидувањата околу прашањата на заштитата се покажаа како пречка за побрзо постигнување на спогодбата.

„Штотуку го завршивме конструктивниот втор трилог, постигнувајќи добар напредок во поглед на механизмот на гаранциите и преиспитувањето и оценувањето на главните одредби, но останува уште многу да се сработи“, порача Ланге во соопштението.

Преговарачите ќе одржат повторна средба на 10-ти мај, при следниот круг преговори.

Трамп на 1-ви мај соопшти дека во текот на неделава ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 проценти, од досегашните 15 проценти, наведувајќи го како причина непридружувањето од страна на ЕУ кон условите од договорот што беше потпишан во минатиот јули, во Шкотска.

Повеќето членки на ЕУ сакаат да се оттргнат од таа закана и се залагаат за брзо воведување на законите, со коишто ќе се укинат царините за увоз на индустриска стока од САД, и на земјоделските и морски производи од земјата ќе им се овозможи повластен пристап, како што стои во трговската спогодба.

Но, по девет месеци откако е постигната спогодбата, Европскиот Парламент и Советот што ги претставува владите на ЕУ, уште работат на ускладување на заедничкиот текст, пред да се овозможи стапување во сила на царинските повластици.

Ланге во почетокот на мај изјави дека е „неприфатливо однесувањето“ на Трамп, откако претседателот на САД реши ненадејно да ги зголеми царините.

Европските пратеници бараат делотворни заштитни мерки во случај САД да се повлечат до спогодбата

Европските пратеници се залагаат за поделотворни мерки на заштита, вклучувајќи и раскинување на спогодбата, доколку САД не ја почитуваат истата, и го условуваат смалувањето на царините со постапките што ги бараат од САД, како и целосно укинување на царинските концесии на ЕУ на 31-ви март 2028 година.

Владите на ЕУ не покажаа поглема волја за да ги воведат тие одредби, изјави дипломат на ЕУ. Друг напоменал дека двете страни уште се далеку од спогодба и неопходно е разговорите да продолжат и во следниот месец.

Манфред Вебер, претставник на десничарско-централната Европска народна партија, најголема група во европскиот парламент, очекува во мај да се случи конечното гласање во собранието.

Но, тоа е премногу амбициозно, имајќи предвид дека бројни политички групи веруваат оти најновите закани на Трамп, се знак дека е неопходно да се одредат посилни заштитни мерки.

Заканата со повисоки царини за автомобили фрли сенка врз состанокот на министрите за трговија Г7 во Париз, на 6-ти мај.

Германската министерка за економија Катерина Рике, чијашто земја ќе биде погодена најсилно со зголемените царини за автомобили, изјави дека интензивно преговара со претставници од САД и се надева дека ќе го „надмине овој предизвик“.

Трамп ќе ја качи царината за возила од ЕУ на 25 проценти

Претходна објаваАлфа Ромео објави книга за 75-годишната соработка со карабиниерите
Следна објаваХрватска прва со роботско такси во Европа, возењето 2 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here