Технологијата што го освои светот: 25 години на Audi TDI

Центарот за развој на мотори на Audi во Некарсулм се подготвува за одбележување на 25-годишнината на TDI преку историски записи, тркачки триумфи и најави за иднината.

Во септември се одбележува 25-годишнината од премиерата на првиот мотор TDI на Audi на меѓународниот салон за автомобили во Франкфурт. Револуционерната технологија на директно впрскување на дизел горивото ги влече своите корени директно од центарот на Audi за развој на мотори во Некарсулм, каде што подоцна започна и подготовката на технологијата за примена во мотоспортот. Оттогаш Audi има продадено 7,5 милиони автомобили со мотор TDI и има постигнато осум триумфи на 24-часа Леман.

Во средината на септември ќе се одржи и официјалното одбележување на јубилејот на TDI. Гостите на манифестацијата меѓу другото ќе можат во живо да го проследат составувањето на еден од актуелните мотори TDI и да добијат експертско објаснување околу начинот на работа на TDI, разликите во споредба со бензинските мотори и натамошниот развој на технологијата. Меѓу експонатите ќе се најдат прототипот Audi RS 5 TDI со „електрично турбо“, како следен степен на развој на технологијата и претстојна примена во моделите на Audi, како и првиот сериски модел со овој мотор, Audi 100 2.5 TDI.

Претходна објаваBMW M4 Cabrio: Лудило на 431 КС без покрив над глава
Следна објаваФотогалерија од салонот за возила и опрема за кампување во Диселдорф

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here