Римац целосно го презеде Бугати, откако Порше ги продаде акциите

Хрватот Мате Римац уште лани најави тивко дека планира да ги купи акциите на Порше во Бугати Римац.

Мате Римац покрај погонската единица на Бугати Турбијон, со 8,3-литарски 16-цилиндарец и три електромотори, со моќност од 1.800 КС

Мате Римац, најзвучното име од автомобилската сцена во регионов, заедно со инвеститори ги откупи акциите на Порше во Бугати Римац. Специјалистот за електричен погон сега поседува целосна контрола.

Порше му ги продаде своите акции во Бугати Римац и во Групацијата Римац на меѓународниот конзорциум ХОФ Капитал. Хрватскиот претприемач има голема заслуга за постигнатата спогодба.

Порше и Римац Групација го основаа Бугати Римац во 2021 година, како заедничка инвестиција. Во неа, Порше досега располагаше со малцински удел од 45 проценти, додека на Римац Групација ѝ припаѓаа 55 проценти. Покрај тоа, Порше поседуваше удел од 20,6 проценти во Римац Групација.

Римац ја презема контролата

Со сегашната трансакција, Римац Групација ја презеде целосната контрола над Бугати Римац. ХОФ Капитал ќе биде најголем акционер во групацијата, покрај Мате Римац, основач на Римац и извршен директор на Бугати Римац.

Шефот на Порше, Мајкл Лајтерс, изјави: „Со основањето на заедничката компанија Бугати Римац со Римац Групација, успешно го поставивме темелот за иднината на Бугати. Како инвеститор во почетната фаза во Римац Групација, Порше даде клужен придонес, за Римац Технолоџи да прерасне во докажана Тир-1 компанија за автомобилска технологија. Со продажбата на нашите акции, покажавме дека ние како Порше ќе се посветиме на нашата основна дејност.“

Порше е под економски притисок

Повлекувањето на Порше е очекувано. Бракот траеше кусо. Порше во моментов е под економски притисок и заедно со сестринските компании во концернот Фолксваген, прави напори да ја врати силата на марката.

Мате Римац сака да го купи уделот на Порше во Бугати

Мате Римац изјави: „Благодарение на цврстата основа, којашто е изградена со оваа помош, денес располагаме со структура, што ни овозможува уште побрзо да ја спроведеме нашата долгорочна визија. Се радуваме на соработката со нашитенови партнери.“

Претходна објаваShell потсетува дека и моторното масло штеди гориво
Следна објаваРК Вардар добива силен партнер – Delfino Mobility Group со брендовите GEELY и SIXT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here