Shell потсетува дека и моторното масло штеди гориво

Покрај менување на начинот на возење и проверка на техничката исправност, делотворна мерка за смалување на потрошувачката на гориво е избор на добро масло, потсетуваaт од Shell.

Shell е единствен производител на масла што декларира заштеда во потрошувачката; Слика: Shell

Со автомобил што троши, на пример, 7 литри дизел на сто километри во просек, со наполнето гориво за 1.000 денари, според ценовникот на Макпетрол од 23-ти април 2026 година (91,00 денари литар дизел), се минуваат 157 километри.

Наспроти тоа, доколку со истата сума се наполнило гориво на 13-ти јануари 2026 година, кога била најниска цената годинава (65,5 денари литар дизел), се поминувале 218 километри пат. Разликата изнесва дури 61 километри. Тоа е уште еден начин да се согледа, колку сменило поскапувањето на горивата. Со денешните цени, со дизел за 1.000 денари се минуваат 61 километри помалку отколку во почетокот на годината.

Под претпоставка дека цените нема да се менуваат, доколку со одредена сума годишно ќе се поминеле 10.000 километри според цените од средината на јануари, сега со истата сума ќе се поминат 7.200 километри. Разлика од 2.800 километри.

Shell потсетува дека потрошувачката, освен со менување на стилот на возење и проверка дали техниката работи исправно, може да се намали и преку правилен избор на моторното масло. На секое пакување масло, зависно од типот, стои напомена дека нивните моторни масла можат да придонесат за смалување на потрошувачката на гориво.

Вредноста обично се движи околу 3 проценти, што навидум е малку, но ако се земе дека три проценти од 10 литри гориво значи околу 300 милилитри, односно заштедата е три литри на секои потрошени 1.000 литри гориво, и понатаму, тоа веќе заслужува внимание.

За компании со големи возни паркови, заштеда од 3 проценти во горивото е нешто што не се смее да се пропушти.

Како влијаат моторните масла на Shell врз штедливоста на моторот

Иако честопати се превидува, кога општо им се даваат совети на возачите за смалување на потрошувачката, моторните масла имаат големо влијание врз потрошувачката на гориво. Погрешниот избор на масло, а посебно масло со висока вискозност, ги зголемува отпорите во моторот.

Покрај тоа, неквалитетниот избор на важното средство за подмачкување, води кон зголемено абење во моторот, што понатаму предизвикува зголемена потрошувачка на гориво.

Индустријата првпат понуди масла што придонесуваат во заштедата на гориво уште во 1980-те години, по големата нафтена криза во светот во 1970-те години. Потрошувачката на гориво во почетокот беше само придружен ефект од користењето масла со пониска вискозност, на пример 10W-30. Денешните масла што штедат гориво се осмислени на тој начин што смалената потрошувачка на гориво е нивна главна одлика.

Слика: Shell

Вискозноста на маслото и потрошувачката на гориво

Постојат две главни карактеристики на маслото, што влијаат врз потрошувачката на гориво на еден автомобил – тоа се вискозноста на маслото и стандардите за квалитет, како API или ACEA, што се наведени на секое пакување.

Вискозноста укажува колку лесно маслото при различни температури кружи низ моторот. Маслата со пониска вискозност, на пример 0W-20 или 5W-30, по стартувањето побрзо досегаат до одредени подрачја за подмачкување и по загревањето на моторот уште повеќе го смалуваат отпорот при лизгање меѓу две површини во присуство на средството за подмачкување.

Тоа овозможува моторот да работи поефикасно, што значи поштедливо, за да ја испорача истата моќност. Поради тоа, современите масла што штедат гориво имаат пониска вискозност.

Од друга страна, маслата со повисока вискозност, на пример 15W-40, создаваат подебел заштитен филм, но го зголемуваат по отпорот при триење меѓу површините. Тоа значи дека моторот троши повеќе гориво, за да ги совлада овие отпори. Поради тоа, користењето масло со погрешна вискозност за моторот, може да предизвика непотребно зголемување на потрошувачката.

При изборот на стандардот на квалитет се препорачува да се користи класификацијата на ACEA. Моторни масла што најмногу штедат гориво се од класите на квалитет C2 и C5. Маслата од класа C2, на пример, обезбедуваат заштеда од најмалку 2,5 проценти во потрошувачката на гориво.

Серијата масла Shell Helix е развиена за максимална ефикасност при искористување на горивото. Shell Helix Ultra ECT C2/C3 0W-30, на пример, донесува заштеда од 2,6 проценти во горивото. Понатаму, со Shell Helix Ultra Professional AP-l 0W-20 може да се заштеди и до 3,5 проценти.

Секако дека изборот на квалитетно масло и соодветно масло, придонесува и за продолжување на векот на траење на моторот.

Shell го олеснува изборот на правилно масло, посебно за секоја марка и секој модел, преку вебсајтот

Shell Lube Match

 

Претходна објаваСветска премиера · Opel го претставува прототипот Gen4 FormulaE
Следна објаваРимац целосно го презеде Бугати, откако Порше ги продаде акциите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here