Од овој модел се произведоа само 139 примероци за десет години, но тоа не го менува фактот дека A6, наречен уште и 2000 GT е првиот модел од сериско производство на Maserati.
Иако е основана уште во 1914 година во Болоња, марката со тризабецот на Нептун го претстави првиот модел од сериско производство дури во 1947 година. Поимот „сериско производство“ е мошнe релативен во овој случај. Серијата модели A6 се произведе во само 139 примероци во периодот меѓу 1947 и 1957 година. Повеќето модели од серијата имаат дволитарски мотор којшто потекнуваше од тркачките болиди на Maserati, конкретно од 6CM. За моторот да се цивилизира, неговата моќност беше намалена за серискиот модел и се користеше обично место подмачкување со сув картер.
Моќноста од 160 КС беше и повеќе од доволна во комбинација со тежината на возилото од одвај 900 килограми. Во галеријата е прикажан A6G/54 од 1956 година со каросерија од Allemano. Постојат дури 21 различни изведби на A6 само од овој каросерист од Торино. Maserati одбележува стогодишнина од постоењето и ова е одлична пригода да се присетиме или да ги запознаеме моделите од долгата историја на фирмата.
















