Опел ја гледа својата Мока ГСЕ како автомобил што внесува „батериско електрично уживање во возењето“ и „чувство на рели“ на пат. Во тоа очигледно се сложуваат и експертите на АУТО БИЛД и германската публика.
За Опел да дојде до својата Мока ГСЕ, германската марка под знакот на молњата сработе многу. Но, најголема заслуга за имиџот што сега го има електричната изведба на Мока, секако дека има учеството на електричната Корса Рели во рели-спортот во Германија, каде што се вмеша и моќниот АДАК. По неа, следеше и самата Мока ГСЕ Рели.
Тој имиџ на Опел како марка што е на добар пат во електромобилноста и што направи одличен автомобил со својата Мока, сега резултираше со насловот на Златен Волан за 2025 година, во категоријата на малечки автомобили.
Електрчната Мока ја имаше својата премиера на салонот ИАА Мобилност во септември годинава. На публиката очигледно ѝ се допадна ГСЕ, затоа што автомобилот сега освои и најмногу гласови, во делот со гласови од читателите, и од експертите на Ауто Билд и Билд ам Зонтаг и автомобилските ентузијасти кои се дел од јавниот живот во Германија и исто така се дел од жирито.
Извршниот директор Флориан Хуетл коментира, „нашата Мока ГСЕ го донесува исксутвото во мотоспортот на Опел на улица – батериски електрично, практично и високо емотивно.“
Главниот уредник на Ауто Билд, Робин Хорних, го дели истото одушевување: „Возачко уживање што се полни! Опел Мока ГСЕ со своите гени од рели ја заживува ерата на хот-хечис. Директно, искрено, одушефвувачки, како на улица, така и на тркачка патека.“
Уште е свежа победата на Опел Грандленд којшто исто така освои Златен Волан лани.
Мока ГСЕ располага со 281 КС, што е исто колку тркачката Мока во рели. Импресионира и вртежниот момент од 381 њутнметри. Спринтот трае само 5,9 секунди, крајната брзина е ограничена на 200 км/ч. Батеријата од 54 кВч испорачува енергија за 336 километри.
Спортското купе-СУВ поседува и бројни посебности во изгледот на надворешноста и во кабината, вклучувајќи ексклузивни тркала и 4-клипни сопирачки клешти во жолта боја напред. Спортските седишта се обложени со алкантара. Управувањето е сменето, со директен одговор и волан што е зарамнет оздола. Напредни матрични светла и камера во 180 степени се подразбираат во опременоста.
| Година на Златен Волан | Модел |
| 1978 | Opel Senator A |
| 1979 | Opel Kadett D |
| 1981 | Opel Ascona C |
| 1982 | Opel Corsa A |
| 1984 | Opel Kadett E |
| 1987 | Opel Senator B |
| 1990 | Opel Calibra |
| 1994 | Opel Omega B |
| 1995 | Opel Vectra B |
| 1999 | Opel Zafira A |
| 2002 | Opel Vectra C |
| 2005 | Opel Zafira B |
| 2009 | Opel Astra J |
| 2010 | Opel Meriva B |
| 2012 | Opel Zafira Tourer |
| 2015 | Opel Astra K |
| 2017 | Opel Ampera-e |
| 2020 | Opel Corsa-e |
| 2021 | Opel Mokka-e |
| 2022 | Opel Astra L |
| 2024 | Opel Grandland |
| 2025 | Opel Mokka GSE |















