
На друштвената мрежа Инстаграм е објавено видео од неуспешниот обид со СУВ на кинескиот производител Чери Ауто да се искачи прочуената знаменистост во Кина, позната како „Скалила до рајот“.
Кинескиот производител Чери Ауто упати јавно извинување и вети дека ќе ја плати поправката на историската знаменистост, којашто ја оштети обидувајќи се да го повтори потфатот на Рејнџ Ровер на истото место, во 2018 година.
Видеото што на 12-ти ноември е објавено на Инстаграм, покажува како жолт Чери Фенгјун Икс 3 Л, се искачува по 999-те „Скалила до рајот“ на планината Тјанмен, во кинеската провинција Џанѕаѕе. На најстрмниот дел од искачувањето, електричниот СУВ со помошен мотор изгуби тракција и почна да лизга наназад, завршувајќи во оградата, додека публиката реагираше преплашено.
Според објавите, нема повредени.
„Исходот е последица од нашата лоша процена на можните опасности и од пропустите при планирањето и извршувањето на овој тест,“ соопшти Чери во јавното извинување што го објавија кинеските медиуми. „Посебно нé погодува загриженоста на јавноста, што решивме да го спроведеме тестот пред очите на јавноста.“
View this post on Instagram
Намерата беше да се повтори историското видео од 2018 година, кога кино-амеро возачот во Ф1, Хо-Пин Тунг, го изведе потфатот што сцената го познава како Змејски Предизвик, искачувајќи се со Рејнџ Ровер Спорт со приклучен хибриден погон.
Рејнџ Ровер Спорт со приклучен хибриден погон ги искачи 999-те скалила на Тјанмен во Кина, во февруари 2018.
Во тоа видео, што е прегледано близу 7 милиони пати, Рејнџ Ровер се пробива по пат со 99 остри свијоци, долг седум милји, за на крајот да ги искачи 999-те скалила до Пештерата Тјанмен, по природната стрмнина што е позната како Врата во Рајот.
Ланд Ровер тогаш соопшти дека првпат возило ја искачило нагорнината од 45 степени. Тунг опиша дека „тоа несомнено беше најпредизвикувачкиот возачки потфат што го имам доживеано.“















