Европската Комисија во декември ќе соопшти дека се одобрува нова категорија на достапни електрични автомобили, со коишто ЕУ ќе ѝ се спротивстави на конкуренцијата од Кина и воедно ќе му се даде нов поттик на европскиот автомобилски пазар, соопшти комесар на ЕУ.
Комисијата работи на посебна категорија возила, коишто ќе бидат поставени меѓу четирициклите што тежат под половина тон и нормален автомобил. На тој начин, идните малечки електрични автомобили повеќе не ќе мора да поседуваат толкав обем на безбедносна опрема и технологија, како останатите автомобили. Останува неизвесноста за временската рамка во којашто би биле воведени тие измени.
„Целта на производителите е да пуштат во продажба нови малечки автомобили со цена меѓу 15.000 и 20.000 евра, а бидејќи законските ограничувања условуваат и цените да бидат повисоки, ние ќе ја создадеме оваа законска рамка,“ изјави комесарот на ЕУ за индустрија Стефан Сежурне на 4-ти ноември, на Денот на автомобилската индустрија во Париз.
Сежурне кажа дека неговата цел е новата законска рамка да биде вклучена во извештаите на Комисијата на 10-ти декември.
Неколку производители на автомобили притискаа за законските измени, со цел да ја поттикнат продажбата на малечки електрични возила што се произведени во Европа, додека кинеските марки зафаќаат сé поголем удел од европскиот пазар.
На конгресот на Аутомотив Њуз Европа во јуни, претседателот на Стелантис, Џон Елкан, ја повика ЕУ да одобри закони што на производителите на автомбоили ќе им дозволат да произведуваат подостапни малечки автомобили, без тоа да ги влече во загуба, слично на мини-автомобилите во Јапонија.

Извршниот директор на Рено, Франсоа Прово, на 4-ти ноември кажа дека автомобилските закони во Европа треба да останат замрзнати во следните 10 до 15 години, со цел да се охрабри подемот на новите малечки автомобили, каде што жќе спаѓаат модели долги до 4,2 метри.
[the_ad id=”85764″]
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на 10-ти септември кажа дека законодавците ќе соработуваат со производителите на автомобили, во кругот на Иницијативата за достапни малечки автомобили.















