Десет најпродавани модели со приклучен хибриден погон во Европа

Распределбата на пазарниот колач меѓу моделите што користат само електричен погон и приклучните хибриди се смени драстично, денес првиве се продаваат двојно повеќе. Но, расте и побарувачката за комбинацијата од бензин и струја.

Волво Икс Ц 70 ПХЕВ може да мине преку 200 километри чисто на струја. Кога ќе се вклучи бензинецот, може да се вози до 1.200 километри без запирање за полнење.

На европските пазари во првите девет месеци од годинава се продадени 918.144 нови автомобили со приклучен хибриден погон, што претставува раст од 32,2 проценти. Причината за загриженоста на домашните производители е видлива веднаш на врвот. Би Уај Ди го има најпродаваниот приклучен хибрид.

Наспроти 1,8 милион целосно електрични модели што се продадени на европскиот пазар до завршетокот на септември, пазарот на приклучни хибриди брои приближно половина, односно малку над 900.000 возила. Растот и кај едните и кај другите е убедлив, со 25,3% во плус кај БЕВ и уште поголем раст од 32,2% кај ПХЕВ.

Се предвидува дека напредувањето кај приклучните хибриди ќе продолжи со уште посилна динамика, откако производителите се префрлија од целосно електрична стратегија, на паралелно туркање на сите видови погон, како што ќе бара пазарот.

Новата генерација приклучни хибриди постигнува двојно подолг досег, далеку над 100 километри, што е повеќе од доволно за повеќе денови да се минат на струја, без воопшто да се полни батеријата, или да се буди моторот. Волво дури најавува модел Икс Ц 70, што ќе постигнува досег до 200 километри и тоа е веќе друга димензија на ПХЕВ-моделите.

Веројатно не е изненадување тоа што Би Уај Ди е на врвот на списокот на најпродавани модели со ПХЕВ-погон, со својот Сил Ју, СУВ од средна класа, со 50.077 продажби до септември. Лани, кинескиот шампион испорачал само 946 возила во споредуваниот период.

Одлично се пробива и Фолскваген Тигуан, со новите варијанти со приклучен хибриден погон, којшто всушност одвај дека заостганува зад Сил Ју, со своите 49,611 продажби. И тука убедува растот од преку 400 проценти.

[the_ad id=”85764″]

Понатаму следи Волво Икс Ц 60, со 43.667 возила и исто така раст од 2,9 проценти. Швеѓаните изградија име со електрификацијата, а со поддршка на кинеската групација, под чијшто покрив се наоѓаат, во состојба се да реагираат побрзо и посоодветно на сменетите барања на пазарот на возила со елткрифициран погон.

Претходна објаваЕУ ќе соопшти во декември дали одобрила нова категорија на евтини електрични автомобили
Следна објаваПежо Полигон го навестува изгледот на следната 208-ка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here