Волво планира новиот Икс Ц 70 да го продава и во Европа, прв приклучен хибрид со продолжен досег

Волво ќе го продава својот Икс Ц 70 со приклучен хибриден погон во Европа, а тоа значи дека шведскиот производител ќе биде регионален пионер на сегментот на модели, што можат да извозат 200 километри на струја и постигнуваат комбиниран досег од преку 1.200 километри.

Волво Икс Ц 70 ПХЕВ може да мине преку 200 километри чисто на струја. Кога ќе се вклучи бензинецот, може да се вози до 1.200 километри без запирање за полнење.
  • Досегот при погон на струја на Икс Ц 70 е повеќе од двојно подолг од останатите модели со приклучен хибриден погон на Волво.
  • Енергијата во батеријата е доволна за СУВ-моделот од средна класа да мине 200 километри само на струја.
  • Волво тврди дека батеријата на брз полнач достигнува наполнетост од 80% за 23 минути.

Волво ќе го продава својот Икс Ц 70 со приклучен хибриден погон во Европа, а тоа значи дека шведскиот производител ќе биде регионален пионер на сегментот на модели, што можат да извозат 200 километри на струја и постигнуваат комбиниран досег од преку 1.200 километри.

Производството на СУВ-моделот од средна класа веќе започна во Кина. Волво соопшти дека планира Икс Ц 70 со продолжен електричен досег да го продава во Европа, но не наведе точен датум кога би можело да се случи тоа.

Претставник на Волво одби да го соопшти датумот на европското деби на новиот модел, на барање на Аутомотив Њуз.

Икс Ц 70 располага со систем што помага при престројување, со активна навигација и со предупредување за возачот и патниците, кога при отворање врата можат да загрозат велосипедист што наидува кон возилото.

Кога Волво на 7-ми мај најави дека ќе го вклучи Икс Ц 70 во својата понуда од модели, беше напоменато дека ќе се „истражуваат други пазари“ за СУВ-моделот од средна класа, покрај Кина, каде што почна производството на моделот во фабриката на Волво во Таиџоу.

Волво почна да прима нарачки за моделот во Кина, каде што основниот модел чини 299.900 јуани, што одговара на околу 36.000 евра, за моделот со продолжен досег. Изведбата со екстра продолжен досег чини 329.900 јуани (околу 39.600 евра), соопштија претставници на компанијата.

Батеријата на Волво Икс Ц 70 се полни за 23 минути

Изведбата на Икс Ц 70 со продолжен досег може да мине 116 километри во чисто електричен начин на работа, додека со моделот со екстра продолжен досег се достижни преку 200 километри на струја.

Волво не соопшти дали двете изведби од Икс Ц 70 ќе се нудат во Европа, каде што моделите со приклучен хибриден погон (ПХЕВ) ја зголемија продажбата за 26 проценти, на 706.457 возила до јули. Новото моделско годиште на Волво Икс Ц 60, што постигнува електричен досег од околу 80 километри, беше трет најпродаван ПХЕВ во Европа по седум месеци.

Волво бара начини да ја зголеми својата продажба во Кина

Икс Ц 70 е „темел на нашата понуда од електрифицирани модели, мост кон целосно електричните автомобили за нашите клиенти, и тој ќе го засили нашето присуство на најголемиот автомобилски пазар,“ порача извршниот директор Хакан Самуелсон во соопштението.

Единствен модел што парира на електричниот досег на Икс Ц 70 е Линк енд Ко 08, којшто во Германија чини 56.000 евра и до јули се има продадено во само 122 примероци во Европа. Линк ја користи технологијата на Волво и исто така е дел од кинеската корпорација Џили.

Икс Ц 70 ќе понуди повеќе од двојно подолг досег од најблискиот ривал во понудата на Волво. Новото моделско годиште на В60 во изведба ПХЕВ постигнува досег од 91 километри.

Видеото од тестот на Волво Икс Ц 90 во Аутомедиа

Во споредба со останатите СУВ-модели од средната класа од премиум марки во Европа, тековните модели на Мерцедес-Бенц, БМВ и Ауди нудат електричен досег во опсег од 90 до 130 километри.

Главен пазар за Икс Ц 70 е Кина, каде што продажбата на ПХЕВ расте, а продажбата на Волво е во опаѓање.

Во првите седум месеци, продажбата на ПХЕВ порасна за 26 проценти и достигна 2.972.000 возила. Волво, наспроти тоа имаше пад од 10 проценти и продадени 70.489 возила во првото полугодие. Разочара луксузниот ван ЕМ90, со целосно електричен погон, што се нуди само во Кина и до јули се продаде во само 252 примероци.

Икс Ц 70 е прв модел што ја користи платформата СМА.

СМА е развиена заеднички од Волво и Џили, по директива на шефот Самуелсон, за техниката да се развива и користи заеднички меѓу марките во корпорацијата Џили, каде што освен Волво, спаѓаат и Линк енд Ко, Полстар и Лотус. Компанијата наведува дека во СМА се користат голем број компоненти и системи од постоечките платформи на Џили.

Волво Икс Ц 70 располага со дигитални инструменти од 12,3 инчи и средишен дисплеј од 15,4 инчи. Големиот СУВ реагира на говорни команди преку вештачка интелигенција и може да вчитува нов софтвер од податочен облак.

Самуелсон се врати на шефовското место на 1-ви април и бара работењето на Волво во Кина да биде повеќе самостојно, затоа што геополитичките предизвици ги присилуваат производителите да бидат посебно насочени за секој регион.

Волво тврди дека батеријата на Икс Ц 70 се полни од 0 до 80 проценти за 23 минути и додаде дека возилото може да се користи како извор на струја, затоа што располага со двонасочно полнење.

Новиот Икс Ц 70 го користи името што Волво првпат го воведе во 2003 година. Дотогаш, шведскиот производител ја водеше теренската изведба од своето комби В70 под ознаката В70 Икс Ц. Моделските ознаки Икс Ц 70 и В 70 престанаа да се користат во 2016 година. На нивно место дојдоа В90 и В90 Крос Кантри.

Претходна објаваКина воведе построг данок за луксуз на Мерцедес, БМВ и компанија
Следна објаваСАД и Кина ѝ носат рекордна продажба на Тојота

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here