Мерцедес-Бенц пред 130 години го направи првото доставно возило, далечниот предок на Спринтер

Невообичаена најава за одбележувањето на 130-годишнината од првото доставно возило на Мерцедес-Бенц, со скулптура наречена Карпа. Воедно најава и за новиот Спринтер.

Најстариот возлив примерок од „Бенц Комбинационс Лиферунгсваген“ е произведен во 1899 година, три години по првиот примерок од возилото

Новите важни модели обично му се прикажуваат на светот првпат преку замаглена слика или преку цртеж што го претерува вистинскиот изглед. Кај Мерцедес-Бенц мора да биде поинаку. Идниот Спринтер се наѕира во божем започнатата скулптура, на којашто Мерцедес-Бенц ќе работи до следната година, до вистинската премиера на моделот. Многу симболика, одличен маркетиншки потег.

Мерцедес-Бенц ја има таа привилегија што секогаш може да посегне далеку назад во историјата и да се повика на нешто што веќе се случило во историјата на најстариот производител во светот. В година претстои важно пуштање во продажба на нова генерација на Спринтер, а тоа е точно темпирано со 130-годишнината од првото доставно возило на компанијата.

Штутгарт го извлече од своите непроценливи гаражи најстарото возливо доставно возило, таканаречен Бенц Комбинационс-Лиферунгсваген, односно во превод комбинирано возило за достава. Близу 130 години ги делат тоа возило и најновиот Спринтер.

Дополнителен спектакл е карпата „Д Болдер“ којашто прикажува дел од изгледот на идниот Спринтер. Денес во време кога целата бранша мора да штеди и да чува животна средина, секако дека карпата е од вештачки материјали, но затоа е голема. Долга е 650 сантиметри, висока 275 сантиметри и широка 250 сантиметри. Ако се изземе ширината, овие димензии би требало да одговараат на идниот Спринтер.

„Како изумител на лесните доставни возила, ние во изминатите близу 130 години постојано ги пренесуваме сите наши знаења и искуства во корист на нашите деловни клиентки и клиенти,“ вели Томас Клајн, шеф на Мерцедес-Бенц Ванс

[the_ad id=”85764″]

Мерцедес-Бенц Ванс најавуваат свежи погонски решенија, конективност и дигитални услуги, коишто во голем дел се засновани врз барањата на корисниците. Оперативниот систем во возилото е развиен посебно за намената на идниот Спринтер.

Карпата со силна сомболика, долга 6,5 метри, прикажува делови од идниот Спринтер

Бенц Комбинационс-Лиефрунгсваген од 1899 година е најстариот возлив транспортер на Мерцедес-Бенц

Историјата на Мерцедес-Бенц Ванс започнува под името Бенц унд Цие, кога Карл Бенц конструираше две возила, какви што светот немаше видено дотогаш. Едното е Бенц Лиферунгсваген со затворен товарен прорстор на база на Бенц Викторија, другото е спомнатото Бенц Комбинационс-Лиефрунгсваген, со отстранлива товарна плаформа, врз база на помалиот Бенц Велосипед. Кога ќе се отстранеше товарната надградба, возилото се претвораше во патнички двосед.

Денешен Спринтер и историското возило што мина низ скапа постапка на реставрација на Мерцедес-Бенц Класик

Погонот е работа на едноцилиндарски 4-тактен мотор, со зафатнина од 2,7 литри кај поголемото и 1,0 литар кај помалото возило. Носивоста од 300 килограми била сосем доволна за низ град. Моќноста меѓу 2,75 и 6 КС овозможува брзини до 15 и 20 километри на час.

Првото возило за достава беше испорачано на 5-ти декември 1896 година на париската стоковна куќа Ду Бон Марше, по цена одд 4.500 марки.

Мерцедес-Бенц почна со производство на ВЛЕ, електрична В-класа

Новиот Спринтер воведува суштински промени, затоа што ќе користи посебна платформа во верзија за достава. Друга верзија на платформата ќе се користи за луксузни модели, односно за идните ВЛЕ и ВЛС, достапни со електричен и со обичен погон.

Прв в година стартува ВЛЕ за приватни корисници, а потоа следи и електрична верзија на идниот Спринтер.

Претходна објаваКарлос Тавареш очекува Илон Маск да се повлече од автомобилската индустрија
Следна објаваСамо на Тесла ѝ паѓа продажбата на електрични автомобили, целиот БЕВ-пазар со 22% во плус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here