Карлос Тавареш очекува Илон Маск да се повлече од автомобилската индустрија

Илон Маск погреши со тоа што премалку време ѝ посвети на Тесла, којашто е преценета и погазена е од најголемиот производител на електрични автомобили од Кина, Би Уај Ди, според поранешниот извршен директор на Стелантис, Карлос Тавареш.

Тавареш, кој раководеше со концернот Стелантис до лани, вели дека Би Уај Ди се поефикасни и со поконкурентни цени од Тесла.

Тавареш, кој мораше да си замине од Стелантис кон завршетокот на минатата година, изјави за францускиот дневник Ле Ехос, дека Би Уај Ди се поефикасни и со поконкурентни цени од Тесла. Тој предвидува дека Маск ќе биде принуден да им се посвети на други предизвици.

„Не можеме да го исклучиме моментот, кога тој ќе реши да си замине од автомобилската индустрија и ќе им се посвети на човеколиките роботи, на Спејс Икс или на вештачката интелигенција“, кажа Тавареш во интервјуто, промовирајќи ги своите штотуку објавени мемоари. „Илон Маск ќе мора да си замине од автомобилската индустрија.“

Воочи досега нечуената висина на исплатата за којашто треба да гласаат следниот месец, инвеститорите се загрижени најмногу околу посветеноста на Маск во Тесла и околу насоката во којашто тој ја постави компанијата.

Во зависност од тоа дали Тесла ќе ја достигне прогнозираната пазарна вредност и ќе ги постигне предвидените оперативни резултати, најбогатиот човек во светот би можел да биде награден со акции во вредност од 1.000 билиони.

Тавареш, 67, не е премногу убеден дека ќе бидат достигнати целите.

[the_ad id=”85764″]

„Загубата во пазарната вредност на Тесла ќе биде колосална, затоа што таа е преценета стратосферски“, вели тој. „Не верувам дека Тесла ќе постои по 10 години. Тоа е иновативна група, но тие ќе бидат победени од ефикасноста на Би Уај Ди.“

Тесла и Маск не излегоа со коментари за изјавите на Тавареш по барањето од Блумберг.

Претходна објаваКризата со чиповите на Нексперија ги погоди и јапонските производители на автомобили
Следна објаваМерцедес-Бенц пред 130 години го направи првото доставно возило, далечниот предок на Спринтер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here