
Карлос Тавареш во својата нова книга, вели дека заедничките бизниси на производителите од САД, Франција и Италија во концернот Стелантис, се наоѓаат во опасност од разидување, доколку производителот на Пежо, Џип и Фиат не успее да се спротивстави на притисоците што доааѓаат од сопствениот концерн.
Во Стелантис, „загрижен сум дека тројната рамнотежа меѓу Италија, Франција и САД ќе се наруши,“ пишува Тавареш во книгата што беше објавена во Франција во четвртокот. Преживувањето на групацијата како самостојна компанија, ќе зависи од тоа, колку внимание управата ќе посветува „секој ден“, за да ја задржи единственоста, имајќи предвид дека секој си влече на своја страна.
Стелантис е основан во 2021 година, со соединување на италијанскиот Фиат Крајслер и француската групација ПСА. Моќната импрерија со 14 марки, вклучувајќи ги Ситроен, Опел, Доџ, Алфа Ромео, Ланчиа и Масерати, не е лесна за управување, во време кога мирува продажбата на нови автомобили, кога кинеските производители стануваат сé поагресивни и растат геополитичките притисоци додека се менува тежиштето на технологиите во браншата.
Тавареш, 67, си замина во декември, откако концернот пријави голем пад во пазарниот удел во САД и Европа, што доведе до големи загуби. Во неговата ера, Стелантис ги префрли производството и инженерингот во земји со поевтина работна сила, како Мароко. За тоа се побунија работничките синдикати, а бурно реагираше и италијанската влада.
Постојаното скусување на работните места и барањето работата да се врши од дома, исто така доведе до заминување на директорите, од кои голем број преминаа во кинескиот Би Уај Ди, производител што во моментов силно напаѓа на европскиот пазар. Поради неговата сосредоточеност за трошоците да се скусуваат сé повеќе, страдаа квалитетот, цените и бројот на модели во понудата.
Во својата книга, Тавареш поинаку ги опишува настаните коишто доведоа до негово заминување од Стелантис.
https://a.co/d/1CsXsyu (врска до Амазон, книгата на е достапна за нарачка во Македонија)

Новиот извршен директор на Стелантис, Антонио Филоса, кој ја презеде одговорната функција по повеќемесечна потрага по нов шеф, вложува напори да ја врати стабилноста на концернот. Тој се соочува и со притисокот од царините на Доналд Трамп, коишто ја сменија сликата во светската автомоблиска индустрија. Сенаторот на репубиканците во САД, Берни Морено, лани повика Стелантис да ги одвои Џип, Рам, Доџ и Крајслер, наведувајќи дека марките треба да се вратат во сопственост на САД.
Филоса, кого што Тавареш го опишува како „логичен и рационален“ избор за негов наследник, веќе откажа дел од инвестициите во Европа и ќе инвенстира 13 милијарди долари во САД, коишто историски се најпрофитабилен пазар.
Последниов потег предизвика загриженост меѓу работничките синдикати во Франција и Италија. Новиот извршен директор назначи нови шефови, кои главно доааѓат од поранешниот Фиат Крајслер и имаат богато искуство во Латинска Америка, каде што Филоса го мина најголемиот дел од својата кариера.
„Со моето заминување, се сомневам дека француските интереси, коишто верувале или не, отсекогаш ми биле при срце, ќе се бранат и натаму,“ пишува Тавареш во својата книга.
Стелантис привремено запре неколку фабрики во Европа во октомври, каде што фабриките работат под капацитетот. Филоса неделава изјави пред италијанските синдикати дека е потребно ЕУ да ги попушти строгите барања за намалување на емисијата на штетни материи, за фабриките да си го вратат производството.
Тавареш предвидува разединување на активностите на концернот, меѓу Европа и Северна Америка.
„Тоа е едно од можните сценарија, а има и бројни други, на пример кинески производител еден ден да даде понуда за европскиот бизнис и САД да си го вратат бизнисот во Северна Америка“, вели Тавареш. Тоа ќе им овозможи да им се посветат на своите пазари, исто како што Џенерал Моторс го прави тоа во изминатите 10 години, заклучува Португалецот.















