За прв и последен пат: Шестте „легенди“ на Bugatti на едно место

Посетителите на собирот во калифорнискиот Пебл Бич во овој викенд ќе имаат единствена можност да ги погледнат хиперксклузивните примероци на Bugatti на едно место. Вкупна вредност: 13,18 милиони евра.

Bugatti за прв и последен пат ќе ги прикаже на едно место сите модели од шестделната серија „Легендите на Bugatti“ за време на претстојниот собир на олдтајмери и ексклузивни нови модели во калифорнискиот Пебл Бич. Повод за настанот е успешното завршување на серијата во чест на важните личности и модели во историјата на марката, со денешната светска премиера на шестата и последна легенда „Ettore Bugatti“. Секоја одделна серија е лимитирана на три примероци. Сите 18 возила од серијата се веќе продадени.

Вредноста на шестте изложени примероци изнесува вкупно 13,18 милиони евра. Пред една година, ексклузивната марка го одбележа почетокот на серијата легенди со моделот „Jean-Piere Wimille“, по што следеа „Jean Bugatti” на салонот во Франкфурт и „Meo Costantini” на салонот во Дубаи. Серијата во оваа година продолжи со светската премиера на „Rembrandt Bugatti” во Женева и „Black Bess” на салонот Auto China во Пекинг. Серијата ја заокружи последната легенда „Ettore Bugatti” во чест на основачот на фирмата.

Претходна објаваVolvo 240: Поради овој модел ја сакавме (и ја сакаме) шведската марка
Следна објаваМопед за преживување на апокалипсата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here