Овој спој на велосипед и мопед гарантира преживување во секаква природна и неприродна катастрофа. Motoped Survival Bike е опремен со харпун, секира и лопата, има и моторче, но и педали.
Најновиот производ на американската фирма Motoped е задолжителен прибор за секоја тура подалеку во дивината и составен дел од бункерите за заштита при катастрофа. Survival Bike или велосипед за преживување, како што производителот го нарекува својот последен модел, поседува помошно моторче од Honda со зафатнина од 50 сантиметри кубни, минува по секаков терен, бојадисан е во војнички зелена боја, но најважно, опремен е со секаков вид орудија и оружја.
Анти-зомби приборот накусо вклучува:
- Ултрамодерна и суперлесна томахавка
- Харпун со врв што пробива секаква цел
- Лопата за тактично преживување што во исто време служи како оружје
- Штитник за раце и
- Пила
Списокот на прибор што не изгледа толку „застрашувачки“ како претходните ставки, но затоа има многу покрактична смисла, вбројува планинарско јаже, разни ножеви и алат со повеќе функции. Двата посебни резервоара за гориво веќе се подразбираат.

















