
Тојота веројатно имаше намера да ја остави Корола Крос како резерва, за луѓе што ќе се решат да ја сменат својата „Јапонка“, што е постара од нив, и окото уште не може да им свикне на ТНГА-дизајните на тековните модели на марката. Меѓутоа, се покажа дека светот повеќе не сака класичен изглед, сите сакаат нивната Тојота да двои и со изгледот. Така се случи промената во стилот на најкласичниот модел, Корола Крос, и својствено за Тојота Авто Центар, моделот веќе е во салон.
Тоа што се гледа кај моделското годиште 2025 на Тојота Корола Крос ќе израдува многумина што кај оваа марка се појдени по убав автомобил, а тоа што се дознава дури отпосле е несекојдневниот потег во денешниот свет, новите модели да бидат понудени по подостапна цена во споредба со претходничките. Тојота Корола Крос во моделската година 2025 чини 2.000 евра под цената на моделот што првпат се појави на македонската сцена кон завршетокот на 2022 година, односно стартува од 33.390 евра, во врвното ниво на опременост Егсекјутив. Плус, хибридниот погон.
Корола Крос има погодено место во понудата на Тојота, прво како СУВ-изведба на најголемото автомобилско име во историјата на планевата, на преку 55-милионската Корола, а второ како класична „резерва“ покрај стилската тркачка Ц-ХР. На дораснатоста на идејата да се изведе Корола Крос се надоврзува и името на РАВ4, а за СУВ-Тојота убедува и фактот што помалиот Јарис Крос е најпродаван модел на марката во Европа, и тоа близу врвот во својот сегмент.
Меѓутоа Тојота си го слуша гласот на клиентите, па така од некаде се јави хор што потпевна, „дај, сменете го малку изгледот.“ Ова освежување во дизајнот повеќе е излегување во пресрет на желбите, отколку обид за спас на моделот, затоа што Корола Крос во првото полугодие постигнала 28.005 продажби, што е близу лимузинската изведба на Корола и само малку под РАВ4. Јарис Крос е веќе во друга димензија, преку 100.000 примероци до почетокот на јули.
Класичната маска на до-2025 моделот е заменета со растер со изглед на пчелино саќе и тоа е веројатно делот во којшто погледот се задржува повеќе отколку во светлата, со вообичаената драма во нив. Во нивото Екзекјутив се вградуваат светла со автоматско префрлување долго-соборено, и воопшто во целата гама на моделот има зафати во светлата, вклучувајќи и поголема функционалност.
View this post on Instagram
Задните светла изгледаат скапо и присутни се, со перца во корист на аеродинамичноста. Уште една новина е втиснатото име Корола Крос во рамката околу регистерската таблица.
Стандард е средишниот дисплеј со 10,5 инчи и функционалност каква што претходно донесе фејслифтот на матичната Корола. На македонскиот пазар доаѓаат две нивоа на опременост од горната половина на понудата, така што се стандард и дигиталните инструменти од 12,3 инчи.
Има промени и во амбиенталното осветлување на кабината, воланот е загреван, седиштата се загреваат.
Јапонска култура е кога се менува изгледот, да се поддотера и возењето. Кабината доби дополнителна изолација во споевите на столбовите со покривот, а исто и патниците назад уживаат во потивко возење со помалку потреси. Арматурната табла доби нова трислојна изолација за потиснување на звуците од моторот.
Веб страницата за моделот на Тојота Авто Центар
https://www.toyota.com.mk/model/corolla-cross/
Тојота Авто Центар има пет моделски изведби во понудата: Две нивоа на опременост на 1,8-литарскиот хибрид со 140 КД, истите две нивоа со 2,0-литарскиот хибрид со 200 КС и топ-моделот, со погон на сите тркала. Најдостапната изведба е Егзекјутив со цена од 33.390 евра, со што Корола Крос ќе стане повидлива како конкурент на Тусон и Спортаж.
Новина во изведбата со погон на сите тркала, со втор електрмотор назад, е режимот за возење по снег, во насока на зголемување на стабилноста при забрзување, сопирање, запирање, возење во свијоци и престројување. Главната задача за тоа ја има задниот електромотор.
И уште една новина во моделското годиште 2025. Првпат се нуди изведба ГР Спорт, со сменет изглед, црни тркала од 19 инчи и црно лого, секако и спортски седишта. Подвозјето е спуштено 10 милиметри.
ГР Спорт ќе почне да се испорачува наесен.















