По неколкугодишна пауза пак се буди сцената во САД за фрлање црнила врз електричните автомобили, што освен на политиката и бизнисот што се поврзани со нафтата, никому не пречат. Образложението за загадувањето што го предизвикувале брзите полначи е срамно плитко за авторите на студијата.
Администрацијата на Трамп води отворена политика против електричните автомобили. Заднината е јасна, мора да се штитат бизнисите со трговијата со нафта. Најновиот пример за кујните што ги создадоа сите заблуди и невистини околу електричните автомобили и сé што се поврзува со нив, доаѓа токму од Калифорнија, и не е случајно што доаѓа оттаму.
Авторот на студија во Калифорнија, тврди дека станиците за брзо полнење електрични автомобили се штетни за животната средина. Тоа секако дека противречи на еден од главните аргументи на погонот на струја, заштитата на животната средина. Калифорнија е патем земјата во којашто е најголем уделот на ЕВ во продажбата на возила и сојузната држава што воведе посебни и построги закони за ограничување на емисијата на штетни материи од возилата со мотор со внатрешно согорување.
Студијата недвосмислено укажува дека брзите полначи се „превиден извор на загадување на воздухот.“
Во САД во второто тромесечје биле поставени 703 станици за полнење со брзи полначи. Со тоа, вкупниот број на вакви полначи во земјата достигна 11.400, покажуваат податоците од Управата за Енергетика. Компаниите планираат до завршетокот на годинава на постават уште стотици станици со брзи полначи и поради тоа е „важно да се укаже на здравствените ризици пред да се продолжи со проширување на мрежатаод полначи,“ предупредува студијата.
Проблемот „е решлив“ вели Јуан Јао, соавтор на студијата и постдокторанд истражувач на Универзитетот на Калифорнија, во Лос Анџелес, за подрачјето на јавното здравје. „Сакаме да се осигуриме дека прифаќањето на електричните автомобили е чисто.“
Каде е навистина загадувањето што го предизвикуваат брзите полначи?
За познавачите на тематиката и за експертите, секако дека е мистерија, како тоа брзите полначи се штетни по здравјето. Според студијата, брзите полначи што полнат со моќност од далеку над 100 киловати, поседуваат вентилатори во самата станица, којашто ја одржува температурата. Проблемот е во тоа што силните вентилатори ги креваат честичките од абењето на гумите од автомобилите, на сопирачките и воопшто ја разнесуваат прашината од с
Истражувачите извршиле мерења на 50 станици со брзи полначи во подрачјето на Лос Анџелес, Калифорнија, од кои повеќето биле Суперчарџерите на Тесла.
Просечната концентрација на ПМ-честички во воздухот околу полначите изнесувала 15,2 микрограми на метар кубен, што е незначително над вредноста што била измерена на станиците за точење гориво и во останатите јавни подрачја, на пример во парковите.
Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа
Препораката до компаниите со полначи е да вградат филтрација во станиците, но тие можат и да „избегнуваат поставување полначи во близина на училишта и станбени подрачја.“
Некои компании веќе почнале да преземаат мерки со цел да се намали емисијата на штетни честички.
Џо Ален, експерт за квалитет на воздух и професор на Харвард, кој не беше дел од студијата, ги враќа нештата во нормала: „Автомобилите со погон на бензин и натаму се уште поголема опасност по здравјето, како поради нивната емисија, така и поради влијанието на станиците за гориво врз животната средина.“
„Повеќе сакам да го полнам мојот електричен автомобил, отколку да полнам автомобил со погон на бензин на станица за гориво,“ вели професорот на Харвард.
















