Rolls-Royce најави четврта моделска серија

Луксузната марка од островот ќе го претстави четвртиот модел во својата понуда во средината на 2016 година. Кабриолетот ќе ја користи техниката на Wraith.

Rolls-Royce денес официјално потврди дека планира да воведе нов модел во понудата за две години. Во соопштението за новиот кабриолет, Британците пишуваат: „Потпирајќи се науспехот на Phantom, Ghost и Wraith, новиот модел ќе даде значителен придонес за иднината на марката, со својот модерен и смел дизајн.“ Името на идниот модел уште не се открива. Rolls-Royce излезе со соопштение откако „карпараците“ ги уловија прототипите од новиот модел на тестирање.

Основата на кабриолетот, којшто во понудата на Rolls-Royce ќе биде позициониран под актуелниот Phantom Drophead Coupe, ќе ја обезбеди Wraith. Вообичаено за марката, кабриолетот ќе има платнен покрив, елегантно сокриен под метален капак. Коњски сили сигурно нема да му недостигаат на новакот. Моделот Wraith има дванаесетцилиндарски мотор со зафатнина од 6,6 литри и 632 КС, со што тој е најсилниот Rolls-Royce во понудата.

Претходна објаваСемафорот има 100 години!
Следна објаваПроизводителите штедат на тестирање на новите мотори и менувачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here