Тојота не се залетува премногу за да понуди најевтин електричен автомобил

Тојота со Ајго Крос го имаше вториот најпродаван модел на пазарот на малечки автомобили во Европа во 2024 година.

Фолксваген, Рено, Дачиа и Ситроен уште одамна најавија електрични модели од европско производство што ќе се продаваат по таа цена. Повеќето од тие модели спаѓаат во сегментот на мини автомобилите, каде што Тојота беше втора најпродавана марка во 2024 година, со својот Ајго Крос.

Тојота се воздржува од вклучување во бранот на евтини ЕВ за европскиот пазар. „Имајќи ги предвид денешните цени на батериите, се сомневам дека по таа цена може да се произведува профитабилно во Европа,“ кажа извршниот директор на Тојота за Европа, Јошихиро Наката.

Соперниците на Тојота исто така се загрижени околу профитабилноста на мини електричните автомобили, но и покрај тоа се решени да ги лансираат.

Фолксваген планира во 2027 година да го пушти во продажба ИД.1, малечок ЕВ со цена од околу 20.000 евра, иако директорите признаваат дека со евтиниот електричен модел ќе биде тешко да се постигне заработка.

Извршниот директор на концернот Фолксваген, Оливер Блуме, при објавувањето на деловните резултати на 11-ти март, кажа дека е важно Фолксваген да го развие ИД.1, и покрај ниската маржа, затоа што тој модел ќе привлече нови купувачи во марката.

Во истата пригода, директорот за финансии на концернот, Арно Антлиц, кажа дека „ќе биде тешко“ да се постигне позитивна маржа со ИД.1.

Тој напомена дека ИД.1 ќе го смали ценовниот притисок врз поголемите ЕВ-модели на Фолксваген, како што е ИД.2, којшто треба да стартува во 2025 година. Антлиц кажа дека ИД.2 ќе има „добра маржа на профит“.

Доаѓаат електрични мини автомобили од европско производство

Двата мини автомобили што денес се продаваат во Европа по цена под 20.000 евра, се увезуваат од Кина. Тоа се Липмотор Т03 и Дачиа Спринг.

Но, наскоро доаѓаат нови модели од европските фабрики.

  • Верзија на електричниот Ситроен Ц3, што се произведува во Словачка, најавена е за годинава, но уште не е стартувана со продажба.
  • Во почетокот на 2026 година, Рено ќе почне со производство на новата генерација на електричното Твинго, што ќе излегува од фабриката во Ново Место, Словенија. Една година потоа, словенската фабрика ќе почне да произведува и модел под знакот на Дачиа.
  • Фолксваген најави дека ИД.1 ќе се произведува во фабриката во Сетубвал, Португалија, почнувајќи во 2027 година.
  • Кинескиот соперник, БИД, напролет почнува со испорака во Европа, на редизајнираната и преименувана изведба на електричното мини Сигал, што го продава во Кина. Тоа ќе чини „далеку под“ 20.000 евра, ветуваат БИД. Кинескиот производител, што гради фабрики во Унгарија и Турција, нема објавено дали Сигал ќе се произведува во Европа.

„Не сакаме да се откажеме од А-сегментот“

Постои потенцијал за батериски електрични автомобили со цена под 20.000 евра, но „удобноста, достапноста и практичноста не се силни страни на тој вид возила,“ кажа директорот за маркетинг и производи на Тојота Европа, Андреа Карлучи.

Тој објасни дека автомобилот треба да понуди корисен досег и способност да полни релативно брзо.

Котпоративниот директор на Тојота Европа, Метју Харисон, цени дека мини автомобилите ќе бидат „најпроблематичен сегмент“ за да се електрифицираат „затоа што достапноста и трошоците им се најважни на тие купувачи.“

Харисон кажа дека Тојота нема намера да го напушти сегментот на мини автомобилите, но будно ќе ги следи состојбите околу електромобилноста.

„Да ги видиме цените на моделите од конкурентите и какви се тие автомобили од гледиште на плаќање на месечна рата,“ кажа Харисон.

„Не сакаме да се откажеме од А-сегментот; Не се предадовме последниот пат кога повеќето го направија тоа и немаме намера да се предадеме во видно време,“ порача корпоративниот шеф.

Во изминатите години, Ситроен и Пежо се повлекоа од партнерството со Тојота во фабриката во Колин, Чешка, каде што се произведуваа Тојота Ајго, Ситроен Ц1 и Пежо 108. Француските партнери се откажаа и од развојот на наследници на тие модели.

Минито Ајго Крос е бестселер, но отсуствува електрификација

Тојота треба годинава да понуди целосно хибридна изведба од Ајго Крос. Купувачите во Европа треба да „се потстрпат“ за овој погон, кажа Наката.

Ајго Крос се очекува годинава да се појави во хибридна изведба, но датумот уште не е соопштен.

Ајго Крос е единствениот големоволуменски модел на Тојота во Европа, кај којшто отсуствува секаков вид на електрификација. Лани дури 77 проценти од продажбата на Тојота во Западна Европа им припаднаа на моделите со хибриден погон.

Ајго Крос користи скусена платформа од Јарис и има емисија на ЦО2 од 114 грами на километар. Наспроти тоа, хибриден Јарис постигнува емисија од само 96 грами на километар.

Продажбата на мини автомобили во Европа лани опадна за 22 проценти, на 543.784 примероци. Ајго Крос имаше најголем раст, со продажба зголемена за 50 проценти и 98.723 примероци. Најпродавана во сегментот е Фиат Панда со 120.135 возила.

[the_ad id=”85764″]

Главната причина за падот на сегментот лежи во престанокот на производството на Фиат 500 со бензински мотор, што ја скуси продажбата во сегментот за 41.783 примероци. Тоа во дел се должи и на откажувањето на субвенциите во Франција и зголемените царини за ЕВ што се произведени во Кина, како Дачиа Спринг (-38.115 возила). Продажбата на електричниот Фиат 500е исто така резултираше со минус од 33.458 возила.

Претходна објаваШкода имаше рекордна 2024, што ќе се случува годинава?
Следна објаваМерцедес Ситан во четврта варијанта, Миксто за превоз на екипаж и товар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here