Мерцедес Ситан во четврта варијанта, Миксто за превоз на екипаж и товар

Мерцедес за својата понуда од возила за професионален превоз вели дека тие нудат „повеќе простор за игра за Вашиот успех“. Колку е широк тој простор, покажува и разновидноста од варијанти на најмалечкиот во триото, Ситан, покрај Вито и Спринтер. Една куса видео-средба со Ситан Миксто во Мак Аутостар.

Гамата на Мерцедес-Бенц Ситан навидум се сведува на две изведби, на вообичаен фургон и на патничка изведба Турер. Разновидноста сепак досега многу подалеку. Само фургонот понатаму се дели на 4 различни варијанти, почнувајќи од основната изведба База, повеќе опремените Про (лакирани браници и каросериски детали, грејачи во ретровизори) и Селект (ЛЕД светла со високи перформанси, паркинг асистент), и по нив Миксто, како најприспособлива изведба во поглед на превозот на товар или патници.

Ситан Миксто е средината меѓу фургон-изведбата и патничка Т-Класа, од гледиште на цената и од гледиште на приспособливоста за да се одговори на различни услови на примена. Миксто може во еден момент да служи за превоз на товар, со целосна искористеност на расположливата зафатнина на товарниот простор, а веќе во следниот момент да служи за превоз на пет патници, заедно со товарот зад задната клупа.

Посебноста е во мудро изведеното склопување, односно своевидното отстранување на задната клупа. Во два потега, клупата се исправува зад предните седишта и се добива полн простор за товарење назад. Зафатнината е помала во споредба со класичниот фургон со две седишта и преграда зад нив, меѓутоа кај Миксто се брои приспособливоста. Задната клупа останува секогаш во возилото, нема потреба таа да се отстранува кога ќе се јави потреба за повеќе место за товар.

Посебниот начин на склопување, односно буквално исправувањето на задната клупа зад седиштата, овозможува поголема искористеност на должината на товарниот простор, во споредба со класичното решение, со соборување и преклопување на клупата нанапред.

Во споредба со изведбата Турер што исто така е достапна со 5 седишта, Миксто доаѓа во каросериска изведба што е продолжена 42 сантиметри

Ситан Миксто се произведува само во изведбата со продолжена каросерија,со должина од 4,92 метри, односно 42 сантиметри повеќе во споредба со обичната изведба. Мерцедес-Бенц го испорачува моделот со три нивоа на моторизација: 110 ЦДИ со 95 КС и 112 ЦДИ со 116 КС, со 6-степен менувач, или по избор со 7-степен менувач со двојна спојка.

Целото трио на доставни возила на Мерцедес-Бенц е достапно и во целосно електрична изведба. Кај Ситан Миксто, тоа значи електромотор со моќност од 122 КС и батерија за 262 километри досег.

Комбинација од пет седишта и простор за товар назад нуди и изведбата Турер, меѓутоа таа е достапна само во нормалната каросериска изведба што е долга 4,50 метри. Миксто на тоа додава уште 42 сантиметри. Уште една посебност е тоа што решетката којашто го затвора просторот до таванот, дел е од задната клупа и се поместува заедно со неа. На тој начин, ослободувањето на целиот простор назад за товар, буквално се сведува на еден потег.

Носивоста е 787 килограми, што е значајна разлика во споредба со 494 килограми на фургонот со куса каросерија и ниво База

Ситан Миксто располага и со дополнителни функционални посебности, како стакла во лизгачките врати што се отвораат странично, диодни светилки за целиот простор, инфо-забавен систем МБУКС, потпирач за лакт напред со преграда, под во кабина и во товарен простор обложен со пластична заштита.

Избор на ставките од стандардната опременост на Мерцедес-Бенц Ситан Миксто

  • Старт-стоп систем
  • Лизгачки врати со прозорец, лево и десно
  • Дводелна задна врата со отворање под 180 степени, со прозорец
  • Сад за течност за бришачи со зголемена зафатнина
  • Лакирани рамки околу шините на вратите
  • Лакирани рачки на врати
  • Стакла во лизгачките врати со странично отворање
  • Електрика и греење на ретровизори
  • Клима уред
  • Бришач за задно стакло
  • Мултифункциски волан
  • Диодно осветлување на кабина и товарен простор
  • Заштитно обложување на товарен простор
  • Заштита на под во кабина и товарен простор
  • Електрика за предни прозорци со комфорна функција
  • Патен компјутер во боја
  • Висинско местење на возачко седиште
  • Поврзување со телефон
  • МБУС систем со дисплеј од 9,5 инчи

 

Претходна објаваТојота не се залетува премногу за да понуди најевтин електричен автомобил
Следна објаваМицубиши Аутлендер се враќа во Европа, првиот брод е истоварен во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here