Мерцедес почнува со тестови со сосем нова генерација батерии, со едно полнење од Скопје до Љубљана

Според најавите од Мерцедес, батеријата со цврст електролит во Е Ку С, електричен пандан на С-Класа, постигнува досег од преку 1.000 километри.

Мерцедес уште месецов ќе почне да тестира батерии со цврст електролит во вистински услови на возење. Технологијата е развиена во соработка со Факториал, стартап од САД, којшто има соработки и со концернот Стелантис како и Киа и Хјундаи.

Технологијата ветува досег зголемен за 25 проценти, за батерија со иста големина и тежина, соопшти Мерцедес. Како тест-возило ќе се користи електричната лимузина од висока класа Е Ку С. Се очекува досег од преку 1.000 километри. Во моментов, најспособната изведба на Е Ку С од сериско производство постигнува досег од 800 километри.

Почнувајќи од 2021 година, Мерцедес досега има вложено „висока двоцифрена милионска сума“ во Факториал. Уште една одлика на новата технологија е примената на литиум-метал анода во батериите со цврст електролит.

Компанијата со седиште во Масачусетс соопшти дека нејзината Факториал Електролајт Систем Технолоџи може да се интегрира во тековното производство на обични литиум јон батерии и со тоа да се надмине едно од најголемите ограчувања за примената на новите батерии со цврст електролит.

Батериите со цврст електролит генерално се одликуваат со зголемена енергетска густина, побрзо полнење и подобрена безбедност во споредба со обичните батерии со „течен“ елетролит. Проблем е тие да се произведуваат масовно. Досега ниту еден производител нема вградено таков вид батерија во свој големосериски авотмобил.

Литим јон батериите што се користат досега поседуваат течен електролит и сепаратор меѓу негативната анода и позитивната катода, низ којшто се движат јоните. Кај батериите со цврст електролит, сепараторот и електролитот се соединети во цврста материја. Како резултат од тоа, ќелиите се многу потенки.

И покрај тоа што нудат предности, батериите со цврст електролит досега не ѝ беа достапни на автомобилската индустрија. Научниците и стартапите продолжуваат да експериментираат со материјали за електролит, соочувајќи се со проблеми околу кртоста.

Визија и-кју-екс-екс: Експерименталниот автомобил на Мерцедес минува преку 1.000 километри со едно полнење. Производителот тогаш најави дека батеријата со цврст електролит наскоро влегува во серија.

Мерцедес наведува дека новите батерии со цврст електролит се потенки и полесни, и располагаат со поголема енергетска густина, со што се постигнува и подолг досег, во споредба со обична батериај со иста големина и тежина.

Патент врз основа на „пловечки“ носачи на ќелиите

Мерцедес-Бенц и неговиот огранок АМГ Хај Перформанс Пауертрејнс, со седиште во Обединетото Кралство, развија и патентираа нов вид батерија со цврст електролит, што ќе се вградува во автомобили за тестирање.

Патентот се темели врз „пловечки“ носач на ќелија, што соодветно се приспособува според промените на материјалот на батеријата, при нејзино полнење и празнење. Кога батеријата се полни, материјалите се шират, односно се собираат при празнење на батеријата. Пловечкиот носач содржи пневматски активатори.

Мерцедес истражува повеќе видови на хемија за батериските ќелии

Лабораториски тестови со возилата беа извршени кон завршетокот на минатата година во Германија. За време на конференцијата за инвеститори на 20-ти февруари, Мерцедес не наведе датум кога би почнало сериското производство. Во таа пригода сепак беа најавени тестирањата во соработка со Факториал. Пред неколку години, производителот сепак посочи дека има за цел новата технологија да ја пушти во производство во 2028 година.

Факториал соопштија дека тестирањата на Мерцедес се први во коишто во сериски автомобил се вградени батерии со цврст електролит со литиум-метал.

Стелантис има инвестирано 75 милиони долари во Факториал и исто така е партнер од 2021 година, меѓутоа е во благ заостаток зад Мерцедес во тестирањето на новите батерии во своите возила. Концернот во октомври најави дека во 2026 година ќе располага со возен парк од демо возила Доџ Чарџер Дајтона, конструирани врз платформата СТЛА Ларџ.

Киа и Хјундаи исто така објавија партнерство со Факториал во 2021 година, без да биде наведена висината на инвестицијата. Планот е тестовите во возила да почнат годинава, а целта е технологијата да почне да се вградува во 2030 година.

БМВ се резервирани околу батериите со цврст електролит, причина е цената

Остантите производители имаат наведено различна временска рамка за батериите со цврст електролит.

БМВ во минатата седмица соопшти дека технологијата во моментов е премногу скапа за да се применува во сериски возила и место тоа ќе продолжи да развива литиум јон батерии. Мартин Шустер, потпретседател во БМВ за следната генерација батериски технологии, кажа дека ќе минат осум години пред батериите со цврст електролит да станат неопходни.

Рено пред неколку години најави партнерство со Ербас за новиот вид батерии, меѓутоа се посветува на литиум јон батерии без присуство на кобалт, иако производителот и натаму има интерес за батериите со цврст електролит.

Фолксваген Група работи на батерии со цврст електролит во соработка со стартапот Квантум Скејп од САД.

Тојота неколку години тестира батерии со цврст електролит во своите возила и најави дека во 2025 година ќе направи „ограничена продукција“ на ЕВ со овој вид батерии.

БИД, кинескиот гигант во електромобилноста, што сам си ги произведува батериите, неодамна објави дека ќе воведе батерии со цврст електролит во 2027 година, со план нивното масовно вградување да почне во 2030 година.

Видеото од тестот на Шкода Кодиак

Претходна објаваУвозниците ја демантираат објавата на Аутомедиа за продажбата на нови возила на македонскиот пазар
Следна објаваНовата електрична лимузина на Волво ќе полни со иста брзина како Порше Тајкан

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here