Volkswagen вложува дополнително во производителот на батерии Quantumscape. Волфсбург дозначи 100 милиони долари, или околу 85 милиони евра, на сметката на калифорниската компанија. Поводот за масивното вложување е успехот што го постигнаа техничарите на Quantumscape при тестирањето на нов вид литиум-метал батериски ќелии што користат цврст електролит.
Франк Бломе, директор на бизнисот со батерии во Volkswagen, цени дека ова достигнување претставува важна пресвртница. Volkswagen подолго време ја подржува финансиски работата на Quantumscape, кој важи како специјалист за батерии со цврст електролит.
Производителите на автомобили имаат големи надежи во новата техника, затоа што со неа се решаваат два проблеми на постоечките батеири. Од една страна, енергетската густина на батериите со цврст електролит е повисока, што значи дека електричните автомобили со неа можат да постигнат подолг досег. Од друга страна, полнењето е побрзо. Уште нема датум, кога би почнало производството на батериите. Начелно се планира заедничкото производство да започне во 2025 година.