Дизајниран од прочуената фирма Sieger Suarez Architects и од трговецот со недвижнини Dezer Development, луксузниот станбен облакодер е првиот градежен проект од ваков вид, во којшто учествува Bentley.
Создаден да им одговара на сопствениците на луксузни автомобили, секој стан ќе располага со гаража за повеќе автомобили и со патентиран лифт посебно наменет за нив, што автомобилите ќе ги подигнува до самиот стан. Од секој стан ќе се добива глетка кон океанот и каналите, а ќе се применуваат само природни материјали.
Објектот е проектиран во согласност со Советот за зелена градба на Флорида, што има за цел да обезбеди врвна заштита на животната средина и на живиот свет во неа. Облакодерот ќе понуди над 200 луксузни станови, изработени за клиенти што бараат врв во поглед на дизајнот и квалитетот. Објектот со 60 катови ќе биде висок 229 метри, што е повеќе од кој било друг станбен облакодер долж крајбрежјето на САД.
Становите ќе располагаат со балконска површина, базен, сауна и туш на отворено. Во рамките на објектот ќе работат вежбална, бања, виски бар и ресторан. На повеќе места ќе бидат изведени заеднички градини.
Планирано е изградбата да започне во 2023 година и истата би завршила во 2026 година.
http://www.bentleyresidences.com/