Renault Sport R.S. 01: Новиот тркач на Французите

Renault во минатиот месец ја прикажа силуетата на новиот тркач за купот на марката. Сега се знае и името. Уште поважно, се дознаваат и состојките: 500 КС и карбонски монокок.

Французите в година ќе ја збогатат светската серија со нов куп на марката Renault. На овие трки ќе учествува новиот Renault Sport R.S. 01, со монокок изработен од карбон и развиен од специјалистот Dallara. За погон ќе служи мотор со 500 КС од партнерот Nissan, односно од неговата тјунерска и мотоспорт работилница Nismo. Не е тешко да се претпостави дека станува збор за V6-Biturbo од Nissan GT-R. Менувачот е секвенцијален, тркалата носат специјално дизајнирани гуми од Michelin.

На првата фотографија што Renault ја објави попладнево се гледа супернизок болид со фиксен заден спојлер и куси каросериски превиси. Тркачот нема да надмине тежина од 1.100 килограми. Останатите детали ќе бидат познати при премиерата што е најавена за 27-ми август, на салонот во Москва.

Претходна објаваСамо уште 30.000 возила за Volkwagen да ја престигне Toyota
Следна објаваRange Rover Sport постави рекорд на Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here