Кина бара производителите на автомобили да престанат со ширење во ЕУ

Производство на електрични автомобили на БИД

Пекинг ги советува производителите да престанат активно да бараат локации за изградба на фабрики во регионот и да потпишуваат нови договори, односно во целина да се држат во сенка, додека се во тек преговорите со ЕУ околу царините за кинеските електрични автомобили. Тоа го кажуваат извори што барат да не им се открива идентитетот, затоа што се работи за приватни разговори.

Еден од четирите најголеми производители во државна сопственост, Донгфенг Мотор Груп, веќе ги запре плановите за производство во Италија, на тој начин одговарајќи на предупредувањата од властите.

Директивата од Пекинг, којашто не е обврзувачка, може да ги заостри односите, додека двете сили се борат да доминираат во автомобилската индустрија. ЕУ во почетокот на месецов гласаше да се воведат високи царини за електрични автомобили што се произведени во Кина, коишто досегаат до 45 проценти. Унијата го презеде тој чекор, обвинувајќи ја Кина дека им исплаќа превисоки субвенции на домашните производители на ЕВ. Пекинг се противи на таквото обвинување и се закани дека ќе возврати со царини за европските млечни преработки, жестоки пијалоци, свинско месо и за автомобилските сектори воопшто.

Донгфенг Мотор им соопшти на италијанските претставници, дека тоа што Рим гласал за воведување на царините во ЕУ била причина за повлекувањето. Пекинг е загрижен дека ќе се создаде неискористен капацитет за производство, поради проблематичното преоѓање на ЕУ на електрични возила и слабата побарувачка за кинеските автомобили во регионот, кажуваат извори. Без разлика кои се причините, потегот на Пекинг не ѝ оди во корист на премиерката Џорџија Мелони, којашто се обиде да привлече повеќе производители на автомобили во земјата, откако концернот Стелантис пресели дел од производството на своите модели во други земји.

Италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо во јули беше во посета на Кина и одржа средби со директорите, меѓу другото и со челниците на Донгфенг Мотор, за да ги одоброволи да градат во италија. Неговото патување требаше да го формализира договорот меѓу Донгфенг Мотор и Италија, со посетата на премиерката Мелони неколку седмици подоцна, но Пекинг побара производителот да ги прекине преговорите, наведуваат изворите.

Донгфенг Мотор не се единствени што постапуваат претпазливо. Чанган Аутомобил, производител во државна сопственост со седиште во западна Кина, го откажа настанот на којшто требаше да лансира своја марка автомобили во Европа, планиран да се одржи неделава во Милано, поради тоа што преговорите околу царините уште се во тек, пренесуваат изворите.

ЕУ и Кина се обврзаа да работат на алтернативна спогодба, со којашто ќе се избегне меѓусебното воведување царини.

Чери Аутомобил го одложи планот да почне со производство на електрични автомобили во фабриката што ја презеде од Шпанија, за една година, до октомври 2025 година. Компанијата прво ќе го провери обемот на производствените процеси што треба да се воведат во фабриката во Барцелона, по одлуката на ЕУ да воведе високи царини. Веста ја објави Блумберг во минатиот месец.

Побарувачката за батериски електрични автомобили во Европа се намали, откако неколку држави ги укинаа субенциите, а посебно Германија и Шведска. Тоа ги погоди кинеските марки, како Нио Инк и САИЦ Мотор, со својата марка МГ, чијашто августовска продажба на електрични автомобили во Европа се преполови и спадна на најниското ниво во последните 18 месеци.

Европа и натаму е привлечна за кинеските производители, затоа што во целина можат да настапуваат со повисоки цени отколку на домашниот пазар, каде што се наоѓаат во беспоштетна ценовна војна со електрични автомобили.

Наспроти тоа, БИД напредува со изградбата на фабрика во Унгарија, којашто ќе му овозможи да ги избегне високите царините на ЕУ за своите електрични модели Сил и Ато 3. Исто така е во план фабрика од 1 милијарда доалри во Турција, којашто има потпишано спогодба за царинска унија со ЕУ и на БИД ќе му овозможи да биде ослободен од царини со производството во земјата.

Претходна објаваМало стилско освежување за Опел Мока
Следна објаваОвој автомобил пред 30 години ја стави Македонија во возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here