Кинески БИД ќе гради фабрика за електрични автомобили во Унгарија

Ато 3 е најпродаваниот модел на БИД во Европа.

Кинескиот гигант во производството на електрични автомобили БИД води завршни преговори со унгарската влада, за да создаде услови за вложување вредно повеќе милијарди евра во нова фабрика за електрични автомобили. Можно е договорот да биде објавен уште в петок, известува Фајненшел Тајмс.

БИД има намера да произведува електрични автомобили и батерии за нив во нова фабрика во Сегед, на југот на Италија. Објавата на Фајненшел Тајмс се повикува на три лица што се упатени во плановите.

Кинеската компанија веќе произведува автобуси во својата фабрика во Унгарија. БИД вложува во нова фабрика со цел да завладее со европската индустрија на електрични возила до завршетокот на десетлетието, пишува дневникот. ФТ додава дека преговорите меѓу компанијата и владата почнале во четвртокот.

БИД ќе се залага за своите планови за освојување на Европа и покрај истрагата на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на средба со новинарите во четвртокот кажа дека очекува регионот на јужна Унгарија, во делот на Сегед, да постигне зголемување на вработеноста, како резултат од големите корпорациски вложувања.

Владиниот вебсајт во Шензен, каде што е седиштето на БИД, во октомври објави напис во којшто се наведува дека Орбан одржал средба со претседателот на БИД, Ванг Чуанфу, при посетата на компанијата.

БИД до ноември продаде повеќе од 13.000 возила во Европа. Најпродаван модел е Ато 3 со близу 11.000 примероци.

Во Унгарија имаат фабрики уште Мерцедес-Бенц, Ауди и Сузуки. Новата фабрика на БМВ во Унгарија се очекува да започне со производство на модели од Ное Класе во 2025 година.

Претходна објаваРезервациите за новата Тојота Ленд Крузер на Германците им се потрошија за 30 минути
Следна објаваКога Мерцедес свети сино, возач не управува со автомобилот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here