Нио не може да си ја дозволи фабриката на Ауди во Брисел

Вилијам Ли ја основаше Нио во 2014 година, којашто од завршетокот на 2021 година продава во неколку европски држави.

Извршниот директор на Нио, Вилијам Ли, на настанот за медиуми што беше организиран во чест на почетокот на продажбата на Онво Л60, модел од подмарката на Нио, соопшти дека Нио не може да ја купи фабриката на Ауди во Брисел поради тоа што компанијата не располага со доволно финансиски средства.

Според објавата на кинескиот портал Синевпост, којшто е специјализиран за кинеските електрични марки, Ли изјавил: „Како Нио да си дозволи фабрика, што ниту Ауди не може да си ја дозволи? Гласините се неосновани.“

Белгискиот дневник „Де Тијд“ претходно објави дека Нио е меѓу компаниите што се заинтересирани за купување на фабриката во Брисел. Во објавата стои и дека кинескиот производител веројатно ќе ја достави понудата пред завршетокот на работната недела. Тоа сега го демантираше шефот на Нио, Вилијам Ли.

Ауди бара инвеститор

Тоа што е извесно е дека фабриката на Ауди во Белгија во изминатите седмици ја посетија потенцијални кинески инвеститори. Уште е отворено прашањето, кој навистина доаѓа предвид како купувач.

Баварскиот производител досега соопшти единствено дека бара инвеститор. Според сегашните состојби, исклучена е можноста фабриката да продолжи да работи во производствената мрежа на концернот Фолксваген.

Од неделава во фабриката повторно е во тек производството на електричниот престижен СУВ-модел Ауди Ку8 Е-трон. Фабриката претходно беше во мирување неколку недели, а имаше и протести од вработените поради најавите дека фабриката нема да продолжи да работи.

Претходна објаваВо Хаг наскоро ќе бидат забранети рекламни билборди за автомобили со обичен погон
Следна објаваКина и ЕУ се спогодија да ги забрзаат преговорите пред да се изгласаат царините за електричните автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here