Рекламите за најновите автомобили, мотоцикли и други превозни средства, наскоро ќе исчезнат од градската слика во Хаг. Тоа е првиот град во Европа, што одлучи да донесе забрана за рекламирање на возила со мотор со внатрешно согорување. Градскиот совет ја донесе одлуката по расправа што траеше две години. Новиот закон стапува на сила на 1-ви јануари 2025 година.
Производителите сепак нема да се соочат со целосна забрана. Тие и натаму можат да го рекламираат квалитетот на своите марки, но притоа не смее да се прикажуваат или да се спомнуваат возила со мотор со внатрешно согорување.
Од забраната се исклучени реклами за електрични возила. Иницијативата потекна од холандската организација за заштита на животната средина „Рекламе Фосиелвриј“.
Оттаму порачаа дека се надеваат оти рекламата ќе поттикне ефект на „снежна топка“, односно ќе води кон тоа и останатите градови да се решат за слични закони.
Хаг не е единствен град во ЕУ којшто донесе таква одлука. Во холандските градови Амстердам, Зволе и Тилбург исто така се води дискусија, за рекламите за возила со мотор со внатрешно согорување да се забранат.
Во австриски Грац постои забрана за рекламирање возила со бензинец или дизел, но и за услуќжни дејности што се поврзуваат со фосилни горива.
















