Тојота и БМВ имаат намера да ја прошират соработката во погонот на водород

Помошта од Тојота ќе му овозможи на БМВ да го доведе и-Икс-5 Хидроген до сериска зрелост.

БМВ има намера да го забрза развојот на возила со погон на водород со горивни ќелии. Како што соопшти јапонската агенција Никеи Азија, германскиот премиум производител ќе ја прошири постоечката соработка со Тојота на тоа подрачје.

Намерата на БМВ е сериското производство на модел на погон со водород со горивни ќелии (ФЦЕВ – фјул сел електрик виакл) да започне за само неколку години.

До оваа одлука довела и забавената побарувачка за батериски електрични возила (БЕВ). Според информациите, двете компании ќе го објават писмото на намери во текот на оваа недела.

Полнењето не трае долго како кај БЕВ

Кај водородниот електричен погон, каков што работи во концептното возило и-икс-5 Хидроген, БМВ гледа „возбудлива погонска технологија, од којашто сообраќајните експерти очекуваат многу, како алтернатива без штетни материи, за којашто нема потреба од долго полнење“, стои во една објава на компанијата.

Најголемата предност на технологијата со горивни ќелии во споредба со батериските електрични автомобили е кусото времетраење на полнењето: „За разлика од времето на полнење кај електричните автомобили, што зависи од моделот и од инфраструктурата, резервоарот за водород на БМВ и-Икс-5 Хидоген се полни за само три до четири минути.“

Тојота веќе десет години го продава Мираи

БМВ и Тојота соработуваат на подрачјето на ФЦЕВ-возилата уште од 2012 година. Според извештајот на Никеи, улогата на Тојота досега била сведена само на испорака на мал број компоненти. Во проширеното партнерство, Тојота ќе ги испорачува и клучните компоненти, вклучувајќи го резервоарот за водород и системите на горивни ќелии.

БМВ ќе ги користи овие компоненти за сопствената технологија за електрични автомобили и со своите погонски системи. На тој начин, БМВ и-Икс-5 Хидроген ќе биде доведен до сериска зрелост за само неколку години.

Соработката со Тојота ќе овозможи трошоците за производство да се одржат колку е можно пониски. Тојота уште во 2014 година го пушти во продажба својот ФЦЕВ-модел Мираи, којшто во моментов е во втората генерација.

Партнерите тивко ја развиваат технологијата

За технологијата да успее, сепак е неопходно Европа да изгради подобра мрежа од станици за точење водород. Повикувајќи се на податоци од здружението на европски производители на возила АЦЕА, Никеи објавува дека во моментов постојат само 270 станици за водород. Наспроти тоа, на завршетокот на 2023 година во ЕУ имало преку 600.000 јавно достапни полначи за батериски електрични возила.

Ниту БМВ, ниту Тојота одговорија на барањето за коментар од Ројтерс. Единствено пристигна одговор од претставник на БМВ, дека соработката со Тојота трае со години, со „заедничката цел да се понуди дополнително решение за мобилност без штетни материи.“

Видеото од турата со електрична Тојота би-зи-фор-крос низ Македонија

Претходна објаваБез покрив, без ветробран: Овој Мерцедес-АМГ ќе се изработи во 250 примероци
Следна објаваБИД назначи поранешен директор на Фиат Крајслер за стручен советник

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here