Фолксваген доби одобрение да вложи милијарди во Ривиан, конкурентот на Тесла

Фолксваген за своите електрични автомобили ќе користи помош од Ривиан, соперникот на Тесла. По пет месеци од објавата на соработката, германската сојузна агенција за спречување монопол ја одобри истата. Станува збор за милијарди.

Заедничката компанија што ќе ја основаат двете компании и малцинскиот удел на Фолксваген во акциите на Ривиан ги поминаа законите за спречување на фузионирање, соопшти агенцијата со седиште во Берлин.

„Не постои причина за загриженост од проектот и не постојат други сериозни закани за конкурентноста“, заклучи претседателот на сојузната агенција против монопол Андреас Мундт.

Концернот Фолксваген очекува дека ќе се забрза развојот на софтвер

Предмет на соработката што беше најавена кон завршетокот на јуни се софтвер, компјутерска контрола и архитектура на мрежа. Новите модели на Фолксваген со технологијата и софтверот на Ривиан ќе почнат да се појавуваат во втората половина на деценијата.

Фолксваген со години се соочува со проблеми во сопствениот развој на софтвер за електрични возила. Поради тоа беше одложен почетокот на продажбата на бројни важни модели на концернот. Партнерството треба да го забрза развојот на софтвер за возилата на германскиот концерн. Најголемиот производител на автомобили во Европа ќе вложи пет милијарди долари во проектот.

Видеото од тест-возењето на електричен Фолксваген ИД.4

Претходна објаваМерцедес-Бенц повторно ќе ја зголемува продажбата со моделите од А-Класата
Следна објаваТојота произведе 13% помалку возила, Јапонија и Кина влечат во минус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here