Тојота произведе 13% помалку возила, Јапонија и Кина влечат во минус

Концептен автомобил Тојота ФТ-СЕ на салонот во Токио во 2023 година

Фабриките на Тојота ширум светот произведоа помалку возила во јуни, што е петти месец во низа, најголемиот производител на автомобили во светот да трпи последици од скандалот околу хомологациите на домашниот пазар и од беспоштедната ценовна борба во Кина.

Производството во јуни се намали за 13 проценти, на 795.862 возила. Тоа е најголем пад по декември 2022, објави Тојота во соопштението од 30-ти јули.

На домашниот пазар, производството забележа пад од 19 проценти, откако министерството за транспорт утврди нелравилности во документацијата на Тојота и на останати производители, во којашто беше лажно прикажано дека возилата ги исполнуваат барањата за хомологација.

Во Кина, во време кога домашните производители на електрични возила постигнуваат огромен раст и го зголемуваат пазарниот удел, главно со агресивни попусти, производството опадна за 22 проценти. Тоа е петти месец Тојота да бележи пад во продажбата за 20 проценти и повеќе.

Производството во Северна Америка се намали за 6,2 проценти, додека Европа заостана за 6,6 проценти зад продукцијата во јуни лани, меѓу другото и поради тоа што фабриките имаа помалку денови за производство.

Вкупната продажба исто така опадна за 5,1 проценти во јуни, првенствено поради слабеењето на пазарите во Јапонија и Кина.

Јапонскиот производител ќе ги објави финансиските резултати за првото тромесечје на 1-ви август. Се очекува дека профитот ќе биде зголемен за 21 проценти во споредба со лани и ќе изнесува околу осум милијарди евра. Така цени консензусот од шест аналитичари, кои ги земаат предвид ослабнатиот јен и силната побарувачка за хибридни модели во САД.

Во првите шест месеци, светската продукција на Тојота опадна за 5 проценти, додека вкупната продажба е 0,9 процент во пад.

Продажбата и продукцијата ги вклучуваат и податоците за луксузната марка Лексус.

3000 километри со електрична Toyota низ Македонија: Големата тура · Прв дел (мај 2023 година)

Претходна објаваФолксваген доби одобрение да вложи милијарди во Ривиан, конкурентот на Тесла
Следна објаваКадис за празниците организира пробно возење чамци на Охридско Езеро

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here