Единаесет години по ред марката Skoda е официјален спонзор и партнер на најпознатата велосипедска трка. Дури 255 возила стојат на располагање во организацијата на трката.
Црвениот Superb ќе го предводи водечкиот пелотон и на овогодишниот Турде Франс во периодот од 5-ти до 27-ми јули. Skoda во континуитет го користи впечатливото присуство на најпознатата велосипедска трка во светот за зајакнување на имиџот и популарноста.
Не станува збор за обично спонзорство, туку за поддршка на самото јадро на трката, што меѓу другото се повикува и на корените на чешката марка, како производител на велосипеди во времето на основачите Лорин и Клемент. Тур де Франс ќе стартува на 5-ти јули во Лидс. Првите три етапи годинава ќе се возат во Англија. По вкупно 21 етапа, велосипедистите ќе пристигнат на целта на булеварот Шампс Елисе во Париз на 27-ми јули.
Во март Skoda го продолжи партнерството со Тур де Франс до 2018 година, а потпишан е договор за спонзорство и на шпанската „вуелта“, како и на други велосипедски трки на меѓународната сцена. На преносите од трката и натаму ќе биде воочлив црвениот Superb, како мобилна контролна централа. Директорот на трката секое утро ќе го означува стартот на трката, ќе го организира сообраќајот околу пелотонот и ќе коминицира со редарите на трката.
















