
Додека во оваа земја е среќа возот воошто да појде и да пристигне, германскиот Бан јавува за проблемот што помалку од 70 проценти од патниците успеале да се качат и да пристигнат точно според возниот ред.
Поосебно во октомври, патниците со германската железница морале да бидат многу трпеливи. Патниците со Дојче Бан (ДБ) годинава мораат уште почесто да сметаат на тоа дека возовите на долгите релации ќе им задоцнат, отколку што тоа било случај во претходните години.
За само 58,6 проценти од возовите ИЦЕ (до 320 километри на час) и ИЦ (до 200 километри на час) на железничкиот концерн да го испочитуваат возниот ред и своите патници без преголемо доцнење да ги донесат до одредиштето, придонеле и бројните градежни зафати.
Возот се цени дека пристигнал навреме доколку доцни најмногу шест минути зад возниот ред. Во статистиката не се земаат предвид откажаните линии. Исто не се земаат предвид и доцнењата при префрлување од еден во друг воз.
Во почетокот на годината, железницата си постави цел за најмалку 70% од возовите на долгите линии да пристигаат без доцнење. Во првите десет месеци, постигнато е само 66% од патувањата да бидат точни. Тоа значи дека нема шанси во преостанатите два месеци да се надомести и да се постигне целта. Тоа ќе биде голем пропуст за германската точност.
За споредба, 90 проценти од возовите во Швајцарија пристигаат навреме
Во споредба со останатите земји, Германија повеќе не може да си дозволи да биде именувана како земја во којашто возовите поаѓаат и пристигаат навреме. Од точност од 75,2 проценти во 2021 година, во минатата година вредноста паднала на 65,2 проценти.
Швајцарија има далеку помала мрежа од германската, меѓутоа точноста на нивните возови е прочуена. Не случајно се кажува и тука дека нешто е „точно како швајцарски воз“. Од јануари до октомври 2023, дури 90,6 проценти од швајцарскиот бан возел точно. Три минути е најмногу што може да се чека.

Главна причина за слабата точност во Германија е лошата инфрастуктура, што постојано води до прекини. Според Дојче Бан, три четвртини од возовите на долги релации наишле барем на едно место на коешто на пругата се вршеле градежни зафати. На една од најважните делници, меѓу Фанкфурт и Манхајм, секој ден има најмалку по еден прекин.
Од здружението за заштита на правата на патниците се жалат дека Банот нема доволно вагони и работници. На тоа се надоврзува и истрошеноста на пругите. Тоа повлекува кружна реакција: Патниците го исфрлуваат бесот врз персоналот во возовите, па потоа персоналот мора да оди на боледување, кажуваат од Здружението.
Апликација на главната станица во Хамбург овозможува да се повика обезбедување без да се телефонира
Für noch mehr Sicherheit am Hamburger Hauptbahnhof setzen wir ab sofort gemeinsam mit der @bpol_nord die App #SafeNow ein. Nutzer:innen können mit der #App unauffällig Sicherheitskräfte zur Hilfe rufen, ohne zu telefonieren. Mehr: https://t.co/2Wv0dsOMPK pic.twitter.com/YpnCTNaBsv
— Deutsche Bahn AG (@DB_Presse) October 26, 2023
Германија нема да дозволи долго да се соочува со овој проблем, којшто понатаму влијае и врз индустријата, економијата, општо. Планот е во втората половина од 2024 година да се започне со генерална санација. Тоа значи дека одделни делници ќе останат затворени повеќе месеци и ќе се изврши целосна поправка. Притоа ќе се обновуваат и попатните станици. Дојче Бан верува дека со тоа ќе се реши железчничкиот превоз за следните осум до десет години.















