Златен волан за електричната Киа ЕВ9 од германски Ауто Билд

Тој е зачетникот на новиот дизајнерски правец на марката, седумседот со огромна кабина Kia EV9

Германските експерти уште во септември ѝ доделија на Киа ЕВ9 наслов на „Луксузен автомобил на 2024 година во Германија“. Во друг избор, со уште поголем одек на сцената, големиот СУВ на струја е прогласен за семејно возило на годината и одликуван е со златен волан.

Победа на Киа ЕВ9 на еден од најценетите избори на автомобил на годината, на германската и општо на автомобилската сцена. Седумседот со електирчен погон и знаменосец на Киа, освои златен волан за најдобрите постигнувања во конкуренција на семејни возила.

Потпретседателот на Киа и директор за дизајн, Карим Хабиб цени дека наградата е „признание за напорната работа и посветеноста на целиот тим на Киа.“

Изборот за Златен Волан првпат се одржа во 1976 година, а денес го организираат неделниците Ауто Билд и Билд ам Зонтаг. Посебноста на изборот се состои во тоа што се вклучени и оцените од публиката и оцените од стручните лица.

Уредниците на двата магазини годинава именуваа 57 нови модели, од коишто читателите потоа избираа 21 финалист.

Деветнаесетчлено жири составено од познати личности изврши обемни тестирања на финалистите на тркачката патека Декра Лаузицринг.

Жирито годинава првпат ги објави резултатите од двете тестирања пред финалето: Декра ги анализираше системите за асистенција, додека уредниците на Компјутер Билд ги оценуваа можностите за поврзување во возилата.

Уредникот на Ауто Билд, Роберт Хорних, коментира: „Киа ЕВ9 го убеди жирито како разновиден и просторен семеен автомобил со ултрамодерна 800-волтна технологија, иновативни функции, како и со исклучителни системи за асистенција при возење.“

Резултатите од изборот за златен волан се објавени во изданието број 45 на Ауто Билд што веќе е во продажба.

Со победата на ЕВ9, Киа ја продолжува успешната серија во изборот. Од тековната моделска понуда, четири модели се носителки на златен волан: Компактниот кросовер ЕксСид (2019), луксузниот СУВ-модел Соренто (2020), електричниот кросовер Ниро (2022) и сега ЕВ9, во конкуренција на семејни возила.

На германскиот пазар, 41,3 проценти од продажбата на Киа во 2022 година отпаѓале на батериски електрични и приклучни хибридни модели. Тоа е повеќе од просекот на германскиот пазар, каде што овие видови погон лани учествувале со 31,4 проценти.

Претходна објаваПехчевски водопади: Есенска тура со електрична Тојота
Следна објаваГерманците загрижени, помалку од 70 проценти од возовите им се точни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here