Новиот Fiat Ducato се оддава на технологија, штедливост, противвредност

Шестата генерација на бестселерот во понудата на доставни возила на Fiat се одликува со поголема издржливост, поголема штедливост и напредна технологија.

На 12-ти мај Fiat Professional ќе го претстави новиот Ducato на тест патеката во Балоко. Моделот е нераздвоен дел од секојдневната сообраќајна слика веќе 33 години и досега промени пет генерации. Од 1981 година до денесе се продадени преку 2,6 милиони примероци низ светот.

Во последните генерации Ducato ги освои и пазарите во Русија, Латинска Америка, Средниот Исток и Австралија. Моментно, „дукатот“ на Fiat е достапен на преку 80 пазари во светот, вклучувајќи ги САД, каде што од оваа година ќе се продава под логото на марката RAM.

Во надворешниот дизајн се променети елементи што се вообичаени кај патничките автомобили, од естетски или практични причини. Новата маска е достапна во две различни бои, а се нудат и бандажи од 16 инчи, диодни светла и триделен преден браник, за смалување на трошоците при замена на оштетените делови.

За внатрешноста може да се избира меѓу трите нивоа на опрема Classic, Techno и Lounge, со нови седишта со врвен комфор во повисоките нивоа и за прв пат во светот со мултифункциски држач во средината на кокпитот. Секако дека поврзувањето со мобилен телефон и други преносни уреди е особено важно и во сегментот на доставните возила, така што Ducato не заостанува ниту во тој поглед.

Според производителот, новиот Ducato има најниска емисија и потрошувачка на гориво во сегментот, со вредност од 5,8 литри и 158 грами СО2 во најштедливиот модел. Главната за слуга за тоа е во Euro 5+ верзиите на моторите: 2.0 MultiJet (115 КС, 280 Nm, 5-степен менувач), 2.3 MultiJet (130 КС, 320 Nm, 6-степен менувач), 2.3 MultiJet (150 КС, 350 Nm) и 3.0 MultiJet (180 КС, 400 Nm). Во двата поголеми мотора е достапен менувач Comfort Matic.

Новиот Ducato се одликува со најголема дозволена тежина (до 4,4 тони), оптоварување на задна оска (до 2,5 тони) и носивост (до 2,1 тони) во целата категорија на доставни возила со единечни тркала на задната оска. Тежината на возилото е намалена со примена на композитни материјали за задната оска.

Сите моделски верзии поседуваат контрола на стабилност во стандардната опрема, надополнета со систем против превртување, помош при поаѓање на нагорнина и електронска регулација на силата на сопирање. Заради подобро маневрирање, верзиите со мотори 2.3 и 3.0 MultiJet поседуваат Servotronic во стандардна опрема, а со доплата се достапни и помош при спушање по надолнина, помош за следење лента и систем за препознавање сообраќајни знаци.

Ducato нуди најмногу конфигурации во сегментот на доставни возила со преден погон. Со комбинирање на сите каросериски верзии, мотори и механика, произлегуваат 10.000 различни варијанти на доставни возила, минибуси и основи за надградба. Товарниот простор се нуди во осум големини, во дијапазон од 8 до 17 метри кубни, покрај тоа се достапни и 4 должини и 3 висини за комбињата и 6 должини за шасија со кабина.

Претходна објаваВо Будимпешта се отвори првиот Mini Bar во светот
Следна објаваGM вложува половина милијарда евра во електрични возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here