за

GM вложува половина милијарда евра во електрични возила

General Motors ќе инвестира 449 милиони долари во производство и батериска технологија за идната генерација на возила со погон на струја.

Инвестицијата во висина од близу половина милијарда долари е највисока досега во фабриките на General Motors во Хамтрамк и Баунстоун. Првата фабрика, којашто е лоцирана во близина на Детроит, добива 384 милиони долари во погонот за изработка на каросерии и во машини, како подготовка за следната генерација на Chevrolet Volt и на уште два идни модела. Засега нема официјална потврда за овие два модела, но веројатно се работи за идните Cadillac ELR и Opel Ampera, кои ја користат основата на Volt. Вкупната инвестиција на GM во оваа фабрика во последните пет години надмина една милијарда долари. Дополнителни 65 милиони долари одат за фабриката за батерии во Браунстоун и наменети се за производство на новите литиум јонски батерии, како и за идните батериски системи.

Во Хамтрамк моментно се произведуваат моделите Chevrolet Volt, Cadillac ELR и Opel Ampera за 33 пазари во светот. Овие три модели користат иста погонска технологија, со електромотор и помошен бензински мотор којшто при празнење на батериите работи како генератор на струја и ги полни истите. Заедно со овие модели се произведуваат и класичните Chevrolet Malibu и Impala. Фабриката во Браунстоун почна со производство на литиум јонски батерии во октомври 2010 и претставува прв производствен погон од овој вид во сопственост на автомобилски концерн на територијата на САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Fiat Ducato се оддава на технологија, штедливост, противвредност

Range Rover Hybrid LWB: Повеќе простор, помалку гориво