Црна кутија во автомобилите стандард од 2024 година

Автомобилите по јули 2024 година задолжително ќе поседуваат своевиден снимач на податоци за настанот, односно црна кутија, по пример на авионите. Во EDR, кусо од Event Data Recorder, ќе се запишуваат податоците пред и по незгодата. Стручни лица ќе можат да ги отчитаат податоците.

Снимач на податоци за настан или Event Data Recorder (EDR) претставува уред што се вградува во автомобилите и којшто ги снима податоците од возилото. Слично на црната кутија во авионите, EDR може да се отчитува по незгодaтa, за точно да се разбере како е настанат судирот. Снимањето се врши само при судир и само во кусо времетраење од пет секунди пред судирот и 300 милисекунди по судирот.

Овие податоци ќе служат за увид во причините за настанување на незгодата, но исто така ќе се користат и за усовршување на безбедноста на возилата.

Од 1-ви јули 2022 година, сите модели што првпат се пуштаат во продажба, како и од 7-ми јули 2024 година, сите новорегистрирани патнички (М1) и лесни товарни возила (N1), мора да поседуваат EDR. За останатите категории (M2, M3, N2, N3, законот важи од 7-ми јануари 2026, односно од 7-ми јануари 2029 година. Неколку производители вградуваат EDR уште пред законската обврска.

Како дејствува црната кутија во автомобилите?

EDR постојано ги снима податоците од возилото, но ги запишува дури кога ќе се надмине одреден праг, за снимањето да се изврши. Тоа значи, кога сензорите ќе регистрираат судир или појави што би можеле да водат до незгода. Конкретно, Event Data Recorder почнува да снима кога ќе се регистрира:

  • промена во брзината во надолжен или попречен правец од преку 8 km/h во времетраење од 150 милисекунди
  • вклучување на предзатегнувачите на безбедносните ремени или на воздушните перници
  • активирање активна хауба (во случај на удар во пешак)

EDR обично е дел од уредот што ги контролира воздушните перници. До тој уред доспеваат информациите од сензорите за забрзување, коишто се важни за отворањето на воздушните перници. Така и EGR ги запишува тие податоци.

Кои се податоците и каде се запишуваат тие?

EDR ги запишува само податоците, коишто можат да бидат од корист при увид во судирот

Податоци за возната динамика пред судирот:

  • Брзина, положба на педалата за гас, статус на сопирачките, циклусот на палење на смешата за согорување при судирот, број на вртежи, активност на АВЅ и на контролата на стабилноста, свртеност на тркалата

Податоци за возната динамика по судирот:

  • Промена на брзината во надолжен и попречен правец

Информации за системите за безбедност:

  • Дали возачот и совозачот имаат ставено безбедносен појас, предупредувачка светилка за воздушни перници, временска точка на вклучување на воздушните перници за возачот и совозачот (напред, страна, воздушни завеси)

Податоците се снимаат единствено во возилото и не може преку онлајн врска „over the air“ да доспеат до туѓи раце. Податоците се читаат или преку приклучокот за OBD во возилото или директно преку уредот за контрола на воздушните перници, доколку OBD е оштетен при судирот.

Податоците се во сопственост на возачите, односно сопствениците

Бидејќи не смее да се снимаат лични податоци или податоци што се поврзуваат со личност, испочитувани се сите закони за заштита на податоци. – целосниот сериски број на возилото не се запишува.

Податоците смее да ги чита само проценител, по судски налог или по налог на правобранителството.

Лабораторијата за безбедност на Mercedes-Benz пред 50 години

Претходна објаваКинески електрични автомобили со тројно зголемена продажба во Германија
Следна објаваРусија одобри Vоlkswagen да ја продаде фабриката за 125 милиони евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here