за

Русија одобри Vоlkswagen да ја продаде фабриката за 125 милиони евра

Руското министерство за индустрија и трговија соопшти дека владина комисија одобрила фабриката на Volkswagen во Калуга да се продаде на дилерската групација Avilon.

Руската влада ја одобрила зделката на Volkswagen, за капацитетите на германскиот производител во земјата да се продадат на групацијата автомобилски дилери Avilon, по цена од 125 милиони евра. Веста ја пренесе агенцијата Интерфакс, цитирајќи извори.

Според Интерфакс, изворот е близок до владината комисијата којашто ги следи странските инвестиции во Русија.

Одобрението од комисијата е неопходно за продажба на индустриски капацитети од држави што Русија ги смета за „непријателски“, откако повеќе држави водедоа санкции против Москва.

Volkswagen Group Rus, подружницата на германскиот производител на автомобили, не коментира за вредноста на зделката.

Руското министерство за индустрија и трговија во понеделникот објави дека владината комисија одобрила, главната фабрика на Volkswagen во Русија, во регионот на Калуга, којшто се наоѓа јужно од Москва, да биде продадена на Avilon.

VW ја отвори фабриката во Калуга во 2007 година. Таа располага со капацитет за производство на 225.000 возила годишно. Фабриката мирува уште од март 2022 година, кога санкциите воведени од Западот, поради конфликтот во Украина, доведоа до прекинување на синџирот на набавки.

Доколку Volkswagen ги повлече парите од Русија при своето заминување, тоа ќе биде спротивно од трендот кај останатите големи производители на автомобили, од коишто повеќето ги продадоа своите капацитети во Русија за номинална вредност, но вклучија клаузула којашто им овозможува да ги откупат назад по нивното враќање во земјата.

Renault го продаде својот мнозински удел во рускиот AvtoVAZ за една рубља, со опција за откуп во период од шест години. Nissan го препушти својот бизнис во Русија на државна компанија по цена од едно евро.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Црна кутија во автомобилите стандард од 2024 година

S-Class од мануфактурата на Mercedes се познава уште по бојата