за

S-Class од мануфактурата на Mercedes се познава уште по бојата

Mercedes-Benz притиска уште посилно врз педалата за луксуз и ја проширува понудата од скапи и ексклузивни бои за каросеријата на S-Class.

Штутгарт одлично си ги владее своите автомобилски марки и прави луѓето да бараат не само S-Class и изведба на AMG, туку да бараат и мануфактурата на Mercedes-Benz да направи зафати на нивната идна S-Class AMG. Неколку новини во понудата на одделението што се води токму под тоа име, Manufaktur.

Имињата на боите се калахари златна, винтиџ сина, маслинесто зелена, и тоа би биле бои како и сите други, доколку не стануваше збор за специјални бои од понудата на Manufaktur. Доколку бојата дополнително е означена како magno, тоа е боја со мат ефект, и според германскиот ценовник на Mercedes-Benz чини 7.021 евра. Без ефектот magno, боите чинат само 4.641 евра.

Одделението за специјални нарачки Manufaktur ја прошири понудата од бои за Mercedes-AMG S-Class на вкупно единаесет опции. Името на сите бои од оваа ексклузуивна понуда почнува со Manufaktur, а потоа следи германскиот опис vintageblau uni, siliziumgrau uni, graphit metallic, mysticblau metallic, oliv metallic, rubellitrot metallic. Мат боите се nachtschwarz magno и kalaharigold magno.

Цените продолжуваат уште едно скалило повисоко кога се избира посебен печат за внатрешноста. Пакетот што го нуди Manufaktur за AMG S-Class чини 11.007,50 евра. Во пакетот се опфатени седишта обложени со ексклузивна напа кожа, што имаат уште покомплицирана опшивка во форма на ромбови од стандардната изведба.

Во предните потпирачи за глава е втиснат грбот на AMG. Во ексклузивниот пакет, со најмеката телешка кожа што ја познава браншата се обложени и вратите, средишната конзола, како и долната половина од арматурната табла.

Уште едно посебно обележје на овој пакет за ентериер е рачно изведеното опшивање на воланот со напа кожа, во боја што одговара со остатокот од кабината. Во дебелите црни патосници е изведено логото AMG, па и кедарот е од напа кожа. Секако и тоа е во посебна боја. Како завршница, праговите се обложени со осветлени плочки, со дизајн што е својствен за Manufaktur.

Изборот од бои за ексклузивниот пакет за внатрешноста се состои од јахта-сина, ореово кафена, бела и црна, тартуф кафена и црна, пастелно жолта и црна.

Во средишната конзола се наоѓа хромирана и полирана плочка на којашто ракописно е напишано Manufaktur, како уште еден знак за врвниот квалитет на рачната изработка. Истото важи и за рачно шиеното име Manufaktur на полицата зад задните седишта.

Од тоа има и следен чекор: Пакет амблеми во платинеста или златна боја. Тоа значи дека сите логоа, амблеми и грбови во целата кабина се изведени уште поблагородно – и поскапо: Околу 2.000 евра за овој пакет. Дополнително се добива и анимирана проекција на логото AMG од сите четири врати.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русија одобри Vоlkswagen да ја продаде фабриката за 125 милиони евра

Електрична Opel Mokka во рекламна кампања ширум Европа