Електрична Opel Mokka во рекламна кампања ширум Европа

Европа е единствена во решеноста, за преоѓањето во електричната ера да се случи колку е можно поскоро. Opel дополнително укажува на тоа, со новата рекламна кампања. Ширум Европа, главното обраќање од германскиот производител до јавноста ќе биде за електричната изведба на Mokka.

Полна со енергија – Opel Mokka Electric! Тоа е главната порака во новата кампања на Opel којашто е единствена ширум Европа и го насочува тежиштето на маркетингот на Риселсхајм кон електричната изведба на Mokka.

Германската марка во концернот Stellantis постигна двоен погодок со Mokka, посебно со електричната изведба. Препознатливиот и погоден дизајн е тоа што прво ги привлекува купувачите, а тоа што конечно убедува е достапноста на верзијата што користи целосно електричен погон.

Според дизајнерите во Риселсхајм, изгледот на Opel Mokka побудува емоции и чувство на „сакам да ја имам“. Главната „ѕвезда“ во сите дигитални и печатени формати на рекламната кампања за Opel Mokka Electric е дречливо жолтиот кабел за полнење на батеријата. Оваа сосем необична ѕвезда, во спотот одненадеж се буди откако ја здогледува Mokka, СУВ-бестселерот на Opel.

„Opel е прогресивна марка – посветена на суштинското. Ние ја промовираме електрификацијата, за нашите клиенти да можат да уживаат во возачко доживување што е без штетна емисија, но е во исто време и доживување што одушевува. Тоа го отелотворува нашата исклучителна Opel Mokka Electric. Сето тоа се рефлектира совршено во новата кампања, во којашто дури и кабелот за полнење бидува заведен од нашиот модел. Енергијата што ја шири овој автомобил се чувствува! Не само на ТВ, туку и во сите други медиуми и формати. Со својата моќност, со своите технологии и со својот дизајн, Opel Mokka Electric е полна со енергија“, порачува директорката за маркетинг на Opel, Ребека Рајнерман.

„Полна со енергија“: Opel Mokka Electric како заводничка за „кабел за полнење како кобра“

Кампањата веќе започна ширум Европа во најразлични медиумски формати. На најгледаните тв-канали на континентот, спотот прикажува како кабелот за полнење како своевидна кобра ја обвиткува Opel Mokka Electric. Откако кабелот ја истражува каросеријата на СУВ-бестселерот, а потоа и внатрешноста, кабелот без какво било двоумење се приклучува за полнење на батеријата, за Mokka да се снабди со енергија.

„Повеќето автомобилски марки го сокриваат кабелот во својата комунијација. Со нашата кампања за Mokka, го правиме токму спротивното: Кабелот го претвораме во главен лик и го прославуваме како симбол на електромобилноста“, додава директорот на агенцијата Јунг фон Мат Хавел, Даниел Швајнцер.

Јасна порака: Се нагласуваат вредностите на марката и својствата на Mokka Electric

Mokka беше првиот модел на Opel со новиот дизајн на марката, со препознатливиот Opel Vizor, како и со Pure Panel во внатрешноста. Таа е воедно и прв модел што уште од почетокот е понудена и во електрична изведба. Mokka го трасираше патот за следните модели на Opel, според мотото – Modern German, Greenovation и Detox. Сето тоа ѝ донесе голем успех на електричната Mokka. Во минатата година, дури 29 проценти од европската продажба на модели во гамата на Mokka, отпаѓаа на верзијата на струја. Само во Германија, нејзиниот удел достигна 43 проценти.

Новата рекламна агенција на Opel, Јунг фон мат Хавел, се активираше за германската марка од почетокот на годинава.

Претходна објаваS-Class од мануфактурата на Mercedes се познава уште по бојата
Следна објаваTesla преговара за фабрика во Индија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here