за

Tesla преговара за фабрика во Индија

Tesla почнува нова рунда преговори со Индија и нуди изградба на фабрика. Лани пропаднаа преговорите, затоа што беше побарано земјата да ја смали царината.

tesla proizvodstvo

Американскиот специјалист за електрични автомобили Tesla им предлага на индиските власти изградба на фабрика за електрични автомобили, што ќе се продаваат во земјата, а ќе бидат наменети и за извоз.

Новиот предлог пристига откако Индија во минатата година го одби барањето на Tesla да ги намали увозните давачки за автомобили. За некои категории возила, царината може да достигне и 100 проценти. Индија бараше американскиот производител да изгради фабрика во земјата и возилата да ги произведува локално, но Tesla прво сакаше да истражи како ќе реагира пазарот со увезените возила. Преговорите завршија без успех.

Tesla не преговара со индиските власти за намалување на увозните давачки, туку предлага изградба на нова фабрика. Локацијата и висината на инвестицијата не се спомнуваат. Тоа го тврдат извори што се упатени во преговорите, но не го откриваат идентитетот поради тоа што истите се од приватна природа.

Локалното производство на автомобили е во согласност со напорите на индискиот премиер Нарендра Моди, да се привлечат компании во рамките на нетовата кампања „Make in India“. Тоа е мошне значајно за бизнисот во светски рамки, бидејќи компаниите бараат нови извори на снабдување, со цел да се намали зависноста од Кина.

Менаџерите на Tesla неделава престојуваат во Индија, заради одржување средби со владата и преговори за набавка на делови и други потреби во земјата. Од американската компанија не соооштуваат детали за средбите.

Tesla претходно најми локален тим и започна со потрага по изложбени салони, но и тоа прекина во минатата година.

Средбата ѝ претходи неколку недели на најавената посета на Моди на САД во јуни.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрична Opel Mokka во рекламна кампања ширум Европа

Менаџер на Toyota вели дека не треба да се брза со збогувањето со бензинците