Ребека Рајнерман ќе менаџира со маркетингот на Opel

Opel добива дама да раководи со маркетингот на единствената германска марка во концернот. Рајнерман доаѓа од местото на оперативна директорка во Fiat/Abarth, каде што е одговорна за германскиот, австрискиот и полскиот пазар.

Од 1-ви јануари, Ребека Рајнерман ќе рапортира за сите случувања во маркетингот пред извршниот директор на Opel, Флориан Хуетл. Таа во моментов е оперативна менаџерка за Fiat и Abarth во Германија, Австрија и Полска, позиција на којашто е одговорна од мај 2021 година.

Рајнерман има повеќе од 15-годишно искуство во автомобилската индустрија, со работни позиции во Toyota, Hyundai и Fiat Chrysler, во развојот на марката и на производите, во комуникацијата и во односите со клиентите.

Патрик Фурнио стана директор за менаџмент на Opel во април 2020 година. Тој претходно има работено како менаџер во Toyota, Renault и во Volkswagen Group.

Opel и Vauxhall до ноември продадоа 384.938 автомобили во Европа, што одговара на удел од 3,9 проценти од пазарот.

Шампионка во спринт и десетобоец главни ликови во рекламите за Opel Astra

Претходна објаваPeugeot Inception Concept меѓу главните атракции на ЦЕС во јануари
Следна објаваCitroen има посебна улога во филмот „Астерикс и Обеликс: Средното Царство“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here