Специјалистот за турбополначи Garett е пред продажба

Производители на некогаш клучни компоненти, како пумпи за впрскување за дизел мотори, се соочија со смалена побарувачка, откако автомобилскиот свет почна да се електрифицира. Турбополначите се уште едно големо подрачје што го губат добавувачите. Специјалистот Garett Motion бара излез и можна продажба.

Швајцарската компанија Rolle е ангажирана да најде советници за можната продажба на Garett Motion. Светскиот лидер во производството на турбополначи очекува да привлече интерес од компаниите што бараат начини да го унапредат својот бизнис со возила со електрифициран погон.

Garrett, во блиското минато познат како Honeywell Transportation Systems, се издвои како независна компанија во 2018 година. Две години подоцна, компанијата имаше проблеми со отплатата на кредитите и побара спроведување на стечаен план. Компанијата лани се извлече од банкрот, благодарение на поддршката од акционерите, меѓу коишто се спомнуваат Centerbridge Partners и Oaktree Capital Management.

Компанијата Garett, предводена од извршниот директор Оливие Рабилјер, главно произведува системи за турбонатполнење, коишто се вградуваат во автомобили со приклучен хибриден погон.

Garrett е на 60-то место на списокот на сто највлијателни добавувачи во светски рамки според индустрискиот гласник Аутомотив Њуз, со остварена продажба кон производителите на автомобили во висина од 3,32 милијарди долари во минатата година. Европскиот пазар учествува со 49 проценти во продажбата на компанијата.

Peugeot 205 turbo 16 потсетува на златните времиња на релито

Претходна објаваFerrari ги помести плановите, продажбата над очекувањата
Следна објаваКонцернот на Peugeot и Fiat ја зголеми продажбата за близу третина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here