Највредната италијанска марка автомобили ги подигна предвидувањата за резултатите на годишно ниво, вклучувајќи ја и добивката од продажбата на возила. Двоцифрениот раст во испораките на возила во третиот квартал ги надмина сите очекувања на менаџментот на Ferrari.
Маранело ги подигна предвидувањата за годинава, меѓутоа останува претпазлив околу маржата, за којашто сега се предвидува вредност од околу 35 проценти, додека според претходните планови, за маржата се предвидуваше дека ќе надмине 35 проценти.
Индустриските трошоци, како и трошоците за истражување и развој, пораснале во последниот квартал, како последица од зголемената инфлација и амортизација. Според новите предвидувања, добивката на Ferrari годинава ќе надмине 1,73 милијарда евра. Пред три месеци веќе еднаш беше направена корекција, кога очекуваната добивка беше поставена во распон меѓу 1,7 и 1,73 милијарда евра. Во третиот квартал, коригираната добивка пред камати, даноци и амортизација, порасна за 17 проценти, на 435 милиони евра.
Ferrari веќе најави дека наскоро ќе ги затвори книгите со нарачки за својот прв модел со четири врати, Purosangue, поради огромната побарувачка за автомобилот што Маранело категорично одбива да се води како СУВ. Испораките на Purosangue во Европа ќе стартуваат в година.
View this post on Instagram