за

Mitsubishi можен акционер во новиот огранок за електрични возила на Renault

Последниот квартал му донесе двојно повисока добивка на Renault, со што стануваат погласни шпекулациите за можно одделување на бизнисот со електрични возила.

Менаџерите на Mitsubishi Motors ги разгледуваат можностите за вложување во новиот огранок на Renault, којшто ќе се посвети целосно на електричните возила.

Извршниот директор на Mitsubishi, Такао Като, изјави дека јапонскиот производител на автомобили добил увид во плановите на Renault и ги разгледува можностите да се вклучи во тие планови. Тој сепак посочува дека разгледувањето на можното купување удел во бизнисот со електрични возила на Renault е уште во најрана фаза.

„Ја разгледуваме рамката. Но, во овој момент, прво мора да разгледаме подетално, дали ќе решиме да инвестираме“, изјави Като денес, за време на објавувањето на финансиските резултати на Mitsubishi за последниот квартал. „За оваа материја е потребно да се добие разбирање од нашите акционери и од членовите на управата. Тоа не е нешто што може да се решава набрзина.“

Во планот да фати поголем залет во ерата на електричните возила, Renault планира да ги издвои како засебни бизниси, автомобилите со електричен погон и автомобилите со обични мотори со внатрешно согорување. Се бараат партнери што ќе вложуваат во двата бизниси.

Mitsubishi има слободно партнерство со Renault, како трета членка на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Наспроти тоа, Renault и Nissan имаат меѓусебно вкрстување на уделите во акциите. Nissan го вклучува Mitrsubishi во алијансата, како сопственик на 34 проценти удел во акциите на помалиот јапонски производител. Renault и Mitsubishi немаат вкрстување на уделите во акциите.

Од Nissan веќе дојде потврден одговор дека таму размислуваат за инвестирање во спинофот со електрични возила на Renault, којшто се води под кодното име Ampere. Лица што се запознаени со тековните преговори, кажуваат дека Nissan размислува за удел до 15 проценти. Като посочи дека Mitsubishi нема претстава колкава би била инвестицијата во компанијата.

Алијансата за електрични возила главно се ориентира на европскиот пазар и на одредницата, по 2035 година во Европа повеќе да не се продаваат автомобили со мотор со внатрешно согорување. Присуството на Mitsubishi на европскиот пазар е релативно мало и за годинава се предвидува дека тука ќе бидат продадени вкупно 66.000 возила од марката.

Влегувањето во игра со електрични возила е клучно за долгорочно опстојување на пазарот, изјави Като, додавајќи дека една од можностите е да се добиваат електрични возила од Renault, на коишто ќе им се става знак на Mitsubishi.

Мина речиси една деценија откако Мак Аутостар меѓу првите стартуваше со продажба на електрични автомобили во Македонија · i-Miev на тестот во Аутомедиа

Пристигањето на Mitsubishi i-MiEV во Мака Аутостар имаше смисла. Конкурентте веќе се јавуваат со „противпонуда“. Погонот на струја повторно го разгорува натпреварот – повеќе за имиџ, отколку за продажба

Renault и Mitsubishi соработуваат во производството на автомобили со мотор со внатрешно согорување во Европа. Renault ќе произведува два модели за Mitsubishi. Едниот е нова генерација на градскиот модел Colt, којшто е врз база на Renault Clio, додека втоирот модел е новиот ASX, што како основа го користи СУВ-моделот Renault Captur.

Mitsubishi очекува на годишно ниво да продава во Европа по 40.000 примероци од Colt и 35.000 примероци од ASX. Продолжува продажбата на познатите модели, меѓу кои Eclipse Cross.

Јапонската марка беше меѓу пионерите во електричниот погон, кога пред повеќе од една деценија го пушти во продажба минито i-MiEV, модел што веќе неколку години не се произведува. Peugeot iOn и Citroen C-Zero беа близнаци на јапонскиот модел, со сменет знак. Mitsubishi има во понуда мини електричен авотмобил во Јапонија, развиен заеднички со Nissan, меѓутоа главното тежиште во развојот се става на приклучниот хибриден погон.

Новиот Mitsubishi ASX изгледа многу познато, фановите се радуваат

Зголемената продажба, поголемиот удел на поскапите модели во родажбата и поволниот девизен курс му донесоа повисок профит на Mitsubishi во последниот квартал. Оперативната добивка се зголеми трипати, на 372.3 милиони долари, додека чистата добивка пораснала двапати и достигнала 240,4 милиони долари во последното тромесечје.

Испораката на возила на светскиот пазар е зголемена за 4,9 проценти, на 257.000 возила во кварталот меѓу јули и септември. Продажбата во Северна Америка, Јапонија и југоисточна Азија врви одлично.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пристигна првиот електричен Mustang Mach-E во Македонија

Ferrari ги помести плановите, продажбата над очекувањата