Корпорацијата Kia ги објави резултатите за третиот квартал, пријавувајќи за 30% повисок промет и за 9,9% зголемена продажба на возила, со вкупно 752.104 примероци. Менаџерите тврдат дека кризата со микрочипови попушта.
На пазарите надвор од Јужна Кореја, Kia во периодот меѓу јули и септември испорачала вкупно 619.336 возила или за 10,7 проценти повеќе отколку во истиот период лани. На домашниот пазар исто така е постигнат раст, со 132.768 продадени возила, односно +6,2 проценти.
Вкупниот промет во третиот квартал од 2022 година е зголемен за 30,5 проценти. Тоа се должи на подобрената ситуација во испораката на микрочипови, но и на конкурентната понуда од модели, вклучувајќи ги EV6 и Sportage. Во извештајот се наведува и дека пазарот подобро ја осознава марката, што довело да се продаваат повеќе возила од повисоките сегменти. Поволниот девизен курс исто така придонел за високиот пораст.
Оперативната добивка изнесува 544,6 милиони евра, од што чиста добивка се 325,5 милиони евра. Тоа е за 42,1 проценти, односно за 59,6 проценти помалку во споредба со третото тромесечје лани. Toa намалување се должи главно на реализација на барање за остварување на право на гаранција и на сервисни повици во периодот. Оперативната маржа во третиот квартал изнесува 3,3 проценти.
Во првите девет месеци од годината, Kia постигна продажба од 2,17 милиони возила, што е за 2 проценти повеќе од лани. Оперативната добивка годинава пораснала за 18,5 проценти, маржата е 7,3 проценти. Чиста заработка е намалена за 4 проценти.
View this post on Instagram
Меѓу јули и септември, Kia продала 123.000 возила со електричен или хибриден погон. Тоа е 16,8 проценти од вкупната продажба, односно е за 5,6 процентни бодови повеќе во споредба со лани. На чисто електрични возила отпаѓаат 40.000 продажби, што е за 34,3 проценти повеќе од третото тромесечје лани.
















