Peugeot најпродавана марка, 208 најпродаван модел во Франција годинава

Во периодот од јануари до септември, Peugeot е најпродавана марка патнички возила на францускиот пазар. Како што посочува производителот за својот домашен пазар, овој успех се должи на високата побарувачка за моделите Peugeot 2008, 3008, и секако новиот 308.

Најважните сегменти на пазарот, а тоа се СУВ-сегментот во градската и компакт класата, како и класичните компакти, во Франција им припаѓаат на Peugeot 2008, 3008 и 308. Главниот мотор на марката и натаму е Peugeot 208, најпродаван модел на пазарот на патнички и товарни возила. За триумфот да биде заокружен целосно, електричниот Peugeot e-208 го носи насловот на најпродаван модел во сегментот на возила на струја.

Peugeot е воедно водечка марка и на пазарот на службени возила, односно во продажбата на возила за компании.

Во првите девет месеци од 2022 година:

PEUGEOT со својот 208 покрива 6,1% од пазарот и со тоа ја понесува титулата на најпродавано возило на францускиот пазар.

Пет модели на марката со лав во грбот се водечки во своите сегменти:

  • PEUGEOT 208 е водечки во Б-сегментот со вкупен пазарен удел од 6,1 %.
  • PEUGEOT 2008 води во Б-СУВ сегментот со вкупен пазарен удел од 3,5 %.
  • PEUGEOT 308 е водечки во Ц-сегментот со вкупен пазарен удел од 2,8 %.
  • PEUGEOT 3008 во Ц-СУВ сегментот покрива вкупен пазарен удел од 2,4 %.
  • PEUGEOT 5008 води во сегментот на С-СУВ возила со 7 седишта и покрива 1 % од целиот француски пазар.

Од целиот пазар, којшто во првите девет месеци е 11,7% во минус во споредба со лани, Peugeot држи 16,5 проценти. Само на пазарот на СУВ-возила, марката ужива удел од 17,6 проценти од пазарниот колач.

Во услови кога францускиот пазар на патнички автомобили и лесни товарни возила е 14% во пад, Peugeot покрива 16,7 проценти од пазарот.

Ексклузивен Peugeot 408 за првите 300 купувачи

Претходна објаваМодели на Toyota со примерна штедливост на тест кај прочуените IfA
Следна објаваSuzuki Vitara Strong Hybrid · Колку менува брзото возење кај хибриден погон?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here