за

Ексклузивен Peugeot 408 за првите 300 купувачи

Од 1-ви септември, Peugeot прима нарачки за 408 Plug-in Hybrid 225 First Edition. Оваа воведна серија на новиот француски модел ќе се изработи во исклучително мала серија од 300 примероци.

Новиот Peugeot 408 беше претставен во почетокот на летото, на посебен онлајн-настан за којшто увозникот Еуроимпекс обезбеди присуство на неколку македонски медиуми. Потоа следеше и спектаклот со прикажувањето на новиот кросовер во „Сферата“. Светската премиера на Peugeot 408 ќе се одржи на салонот во Париз, од 17-ти до 23-ти октомври. Од 1-ви септември, првите 300 купувачи ќе добијат ексклузивен примерок од моделот.

Peugeot на првите 300 купувачи на 408 Plug-in Hybrid 225 First Edition им го ветува дека ќе добијат врвен автомобил во поглед на дизајнот, боите, технологијата и опременоста. Дел од пакетот за добредојде на моделот претставува и платеното користење на мрежата од приватни и јавни електрични полначи.

Peugeot 408 Plug-in Hybrid 225 First Edition може да се нарача исклучиво онлајн, преку страницата на Peugeot Store, од приватни купувачи, но и од фирми. Цената на ексклузивецот е 50.600 евра, односно месечна рата од 490 евра. Од таа цена треба да се одбие државната помош за купување електирчен автомобил, којашто е на важност во соодветната земја. Во Македонија исто така постои повластица за возила со приклучен хибриден погон, меѓутоа не станува збор за мерка со којашто се намалува самата цена на возилото, туку единствено се намалува данокот на возило. Конретно, за возила со приклучен хибриден погон, државата наплаќа 50% од целосната висина на данокот.

Peugeot за својот 408 вели дека од сите агли е неочекуван, верно на мотото за моделот „Очекувај го неочекуваното“

Комплетно новиот модел во гамата на марката со лавот се одликува со впечатлива и оригинална силуета. Издолжената странична силиуета му дава на Peugeot 408 елеганција каква што до пред неколку децении прикажуваа единствено благородните купеа. Одличен пример доаѓа од сопствената куќа, Peugeot 406 Coupe, еден од најелегантните и достапни купе-модели во поновата историја.

Моделот е осмислен да понуди голем и лесно достапен багажник, изобилство простор на задната клупа, со спецификација што задира повисоко од Peugeot 3008. Тоа значи дека бројни детали се изведени со уште поголемо внимание, а исто и во опременоста се очекува широкограда понуда. Peugeot i-Cockpit по пример на новиот 308, секако дека е обележје и на кросоверот, што повеќе фаќа правец кон 508, отколку кон 308.

Менаџерите на марката зборуваат и за нагласок на квалитетот на изработка во кабината, како и на поврзувањето со телефон и користењето најширока понуда од онлајн-услуги. Во почетокот од продажбата, Peugeot 408 ќе се нуди со високите нивоа на опрема Allure и GT.

Стандардната опрема на Peugeot 408 Plug-in Hybrid 225 First Edition

Ограничената серија First Edition е достапна за нарачки од 1-ви септември и стандардно располага со:

  • Нова нијанса на Obsession Blue, којашто се менува според аголот на гледање и според аголот под којшто паѓа светлината врз каросеријата
  • Приклучен хибриден погон со системска моќност од 225 КС
  • Најнова генерација на Peugeot i-Cockpit со смален волан, 3D дигитални инструменти, дисплеј на допир од 10″, програмабилни копчиња i-toggles, препознавање говорни команди и напреден инфо забавен систем i-Connect Advanced, којшто содржи и онлајн-навигација
  • Тркала од 20″ со сосем нов дизајн Monolithic
  • Седишта обложени со три материјали – TEP, платно и алкантара – со електрично местење, греење и масажа
  • Вграден полнач од 7,4 kW
  • Комплет кабли за полнење

Купувачите на ексклузивната серија First Edition ќе можат да избираат меѓу два пакети:

  • Поставување домашен полнач e-Pro Wallbox, во вредност од 1.500 евра, од страна на партнерот Free2Move eSolutions или
  • Картичка со кредит во висина од 1.000 евра за користење јавни полначи, во мрежа со преку 300.000 почначи ширум Европа.

Peugeot 408 First Edition е достапен за нарачка само онлајн, преку Peugeot Store.

Peugeot 408 е автомобил што игра надвор од правилата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · Alfa Romeo Tonale 1.5 Hybrid Speciale · Секое време има своја Alfa

Продажбата на Lada порасна 75%, руските власти им помагаат на граѓаните