Португалецот Карлос Таварес, извршен директор на заедничкиот концерн на Peugeot и Fiat, во интервју за француски дневник, изјави дека снабдувањето со полупроводници ќе наидува на потешкотии до завршетокот на следната година.
„Ситуацијата ќе остане мошне сложена до завршетокот на 2023 година, а потоа малку ќе попушти“, изјави Таварес за дневникот Ле Паризиен, додавајќи дека „производителите на полупроводници имаат интерес да го продолжат бизнисот со нас, посебно откако тие почнаа да ги зголемуваат цените.“
Уште од завршетокот на 2020 година, недостигот од микропроцесори, како последица од пандемијата и други влијанија, ги остави светските производители на автомобили без милиони прозиведени аавтомобили. Кризата почна да попушта, но производителите на автомобили мораат да плаќаат скапо и се соочуваат со високи цени што ќе останат трајни.
Менаџер од групацијата Volkswagen во минатиот месец изјави дека во неговиот концерн исто така очекуваат кризата со микрочипови да трае и во текот на следната година.
Недостигот од чипови остава последици врз продажбата во Франција. Во минатиот месец имаше зголемување на продажбата на автомобили во земјата за 5 проценти, меѓутоа сметано од почетокот на годинава, пазарот е 12 проценти во кусок во споредба со лани.
Производители на чипови: Авто-концерните се виновни за кризата
















